„Што споил Бог, човек нека не разделува“: Вељко и Богдана Ражнатовиќ споделија фотографии од свадбата на годишнината од бракот
Вељко и Богдана Ражнатовиќ денес слават 7 години брачен живот.
Синот на Цеца и неговата сакана со видеа и фотографии се потсетија на свадбата која се одржа на 24 ноември 2019 година.
Во описот на албумот на Богдана стои:
„Што споил Бог, човек нека не разделува. Во љубов соединети, пред Бога благословени. ❤️ 24.11.2019. Љубов“.
Вељко и Богдана го изговорија судбоносното „да“ во храмот „Свети Сава“ во Белград, по што следуваше и венчавка и голема свадбена прослава која привлече огромно внимание во регионот.
Во изминатите 7 години нивното семејство се прошири со три сина, кои ги добија имињата Жељко, Крстан и Исаија.
Парот денес го гради семејниот живот подалеку од белградската гужва, во Тител, место во кое се преселија и започнаа приватен бизнис.
Неодамна, семејството Ражнатовиќ привлече големо внимание со видеа во кои Вељко ги критикува вработените во градинката на неговото синче затоа што му облекле костим-бубамара кој вклучувало здолниште.