Среќен татко: Горан Папаз го прослави 39-тиот роденден покрај слатката тројка и сопругата Наташа
Горан Папаз наполни 39 години.
Македонскиот саксофонист го прослави роденденот покрај најмилите и сподели видео и фотографии на кои позира со сопругата Наташа и нивните три дечиња Лена, Луна и Лазар.
Среќното семејство заедно ја дувна роденденската свеќичка, а Горан и Наташа си споделија бакнеж додека во раце ја држеа нивната тројка, која следниот месец ќе наполни 2 години.
„Само здрави и среќни, ништо друго не ми треба.❤️ Дами ни е оправдано отсутен 🐥 Наташа, срце мое, фала ти за целиот труд ❤️“ – напиша тој во описот.
И Наташа сподели слатко видео со заеднички моменти на Instagram. Во нејзината порака стои:
Среќен роденден на човекот со кого животот ми стана најубава приказна - @goranpapazz 😇❤️
На мојот сопатник, мојата сигурност, мојата најголема поддршка и човекот со кого ги споделувам и најубавите и најпредизвикувачките моменти 🤗❤️
Ти посакувам живот исполнет со здравје, среќа, успеси и остварени соништа! ❤️❤️❤️ Те сакам, денес, утре и во сите приказни што допрва нè чекаат. 😇❤️🤗🎉🎂
Поранешниот член на групата Суперхикс и неговата сакана стапија во брак во јули 2022 година, а на крајот од 2024 година добија тројка. Тој има синче по име Дамиан од првиот брак.
Во интервју за Фемина, Горан сподели дека раѓањето на тројката уште повеќе им го зацврсти бракот со Наташа.
„Тројката нè возвиши и нè направи најгорди и најсреќни на цел свет. Бракот и пред да ни се родат Лена, Луна и Лазар ни беше жива хармонија, сега таа хармонија е само збогатена со нови три музичари“ – рече тој.