Бликаат од среќа: Игор Којиќ и Николина го галат нејзиното трудничко стомаче на првите фотографии од венчавката
Игор Којиќ и Николина Шапоња ги објавија првите фотографии од свадбата.
Синот на Драган Којиќ Кеба и неговата избраничка нежно го галат нејзиното трудничко стомаче, а на нивните лица бликаат среќни насмевки.
Во описот на објавата стои бело срце.
27-годишната поранешна мисица од Ријека шармираше во кратко бело фустанче со долги ракави и бели чизми.
Игор зад себе има два разводи. Од 2015 до 2021 година, беше во брак со хрватската пејачка Северина. Во 2025 година, тој се ожени со Софија Дачиќ, а бракот им траеше само околу пет месеци.
