Селена Гомез откри која лоша навика ѝ го променила гласот и дека многу тешко се откажала од неа
Во изминативе години, фановите на Селена Гомез често ја коментираат промената на нејзиниот глас. Познатата актерка и пејачка се огласи на таа тема и ја откри причината.
Во видео на Instagram Stories, 34-годишната ѕвезда сподели дека често користела електронски цигари со никотин и дека тоа ѝ го променило гласот, но дека успеала да се откаже од лошата навика.
„Нема да можам да си го сменам гласот. Многу користев електронски цигари со никотин. Сакам сите што ги користеле да знаат дека е многу тешко да се откажеш од никотинот. Ако ги користите или размислувате да пробате, едноставно не вреди“ – рече таа.
Гомез одговори и на коментарите за тоа како звучи сега.
„Ми го промени гласот. Ако не ви се допаѓа да го слушате мојот глас, сосема разбирам и не ми пречи. Едноставно не ме слушајте“ – додаде таа.
Ѕвездата од „Only Murders in the Building“ сподели дека се радува што успеала да престане и дека се надева дека ќе истрае. На крајот, им упати порака на луѓето кои се обидуваат да се откажат од истата навика.
„Навистина е тешко, но ако минувате низ нешто слично, знајте дека и вие можете да го надминете“ – рече Гомез.