Милена Меѓедовиќ се врати на спортските активности набрзо по породувањето.
Инспиративната Србинка истрча полумаратон само еден месец по раѓањето на второто детенце со царски рез.
На фотографиите кои ги објави на Instagram, таа позира со освоениот медал, но и со најубавите трофеи – бебенцето во прегратка и поголемото синче покрај себе.
„Порано трчав по медали. Денес знам дека моите најголеми победи се многу поголеми од нив. ❤️
Три трки со тебе во стомакот. Денес, еден месец по царскиот рез, уште еден медал и ти во мојата прегратка. 🏅
Спортот отсекогаш бил дел од мене. Мајчинството не го промени тоа. Само ми даде уште две најубави причини никогаш да не престанам да бидам своја🤍“ – напиша таа.
Милена и за време на бременоста остана активна и продолжи да тренира и да трча, учествувајќи на неколку маратони со бебенцето во утробата. Нејзината последна трка пред породувањето беше Женската трка во Белград, на која истрча 7,7 километри во 38. недела од бременоста.
Тогаш напиша дека медалот е за неа, но победата е нивна. Денес, кога нејзиното синче веќе е во нејзината прегратка, таа повторно ја сподели истата порака – само со уште поголема емоција.
Милена објави фотографија на која покажа како ѝ изгледа телото само 10 дена по породувањето.