„Вашиот ретровизор нема вечно да изгледа вака“: Татко од Штип со силна порака за родителите
Децата растат многу брзо, а моментите кои денес ни изгледаат сосема обични, еден ден стануваат највредните спомени.
Горан Коцев разнежни многу татковци со објава која ја доловува минливоста на детството и малите семејни моменти кои никогаш нема да се повторат.
Преку неа, таткото од Штип ги потсети родителите колку е важно да уживаат во секој миг поминат со нивните малечки.
„Ова е потсетник за вас, татковци... Вашиот ретровизор нема вечно да изгледа вака“ – стои на фотографијата од ретровизорот на Горан на кој се гледаат неговите две ќеркички.
Еден ден, додека ги возам моите деца кон дома… ❤️
Погледнувам во ретровизорот и ги гледам нивните лица, насмевките и радоста додека заедно патуваме.
И токму во тој момент сфаќам нешто…
Овие моменти нема да траат вечно. 🥹
Еден ден, кога повторно ќе погледнам во ретровизорот, задното седиште ќе биде празно…
А мојата глава ќе биде полна со спомени на кои одново и одново ќе се навраќам.
Затоа уживам во овие моменти. ❤️
Затоа што децата растат, времето минува, а она што денес ни изгледа како обично возење со автомобил, еден ден ќе биде еден од најскапоцените спомени.
Еден ден ќе ми недостига дури и вревата од задното седиште… ❤️ – стои во објавата.
Објавата стана вирален хит на Facebook и потткна бројни коментари. Еве дел од нив:
Еден ден на истото седиште ќе се возат внуците. А може и ние да седиме назад и да се радуваме како нé возат сега нашите деца и повторно да се восхитуваме... Така да сé си е во ред 🙂
Така е батка, но нема да биде празно 🤗 после ќе бидат милите лица на внуците... 😻
Точно така е, користете го секој момент со вашите деца. Ова е најубавото и безценето време и нема реприза. Децата си растат и еден ден ќе си летнат како ластовички ❤️
Така е. Еден можеби нема да бидат ни во истиот град, ни во истата држава 🥹
И претходно, Горан имаше споделено слатка објава за брзото растење на децата.