„Веќе те сакаме, гушкаме и галиме секој ден“: Мартина од „Martina’s Cooking“ со трудничка фотосесија со сопругот и синчето
Мартина Симјановска сподели слатка фотосесија направена во последниот триместар од бременоста.
Креаторката на популарниот Instagram профил „Martina’s Cooking“ позираше со сопругот и малото синче Лука, кое нежно ѝ го бакнуваше трудничкото стомаче.
„Бато Лука е спремен за тебе, бебушко! 🥹🤍Веќе те сакаме, гушкаме и галиме секој ден, а едвај ги чекаме сите авантури кои ни следат“ – напиша Мартина покрај фотографиите направени од Kaluma Studio и Верица Донев.
Среќната трудница во јули сподели дека го очекува второто дете.