Нема да ви се верува дека е пред породување: Србинка го покажа малото стомаче во 38. недела од бременоста
Милена Меѓедовиќ за само неколку дена ќе го запознае бебенцето кое го носи во својата утроба, а нејзиниот физички изглед воопшто не издава дека таа е пред породување.
Фит трудницата од Србија сподели фотографии во 38. гестациска недела. Според нив, тешко е да се поверува дека е во поодмината бременост.
На нејзината објава стои дека бебенцето тежи 3 килограми, а таа има 61 килограм.
Милена пред два дена истрча 7,7 километри на Женската трка во Белград.
„Уште само неколку дена до моментот кога ќе се запознаеме јас и моето бебе, а денес заедно стигнавме до уште една цел.
Овој медал има сосема поинаква тежина. 🤍🥇
Уште неколку дена до терминот, стомакот до небо, а нив двајца повторно покрај мене - како и низ сè досега. 🤰🏻
Мојата последна трка во бременоста и затоа засекогаш ќе ми остане една од најпосебните.
Медалот е за мене, но оваа победа е наша. ❤️“ – напиша таа.
Во септември, Меѓедовиќ го одбележа влегувањето во деветти месец со фотографија и порака:
„Пристигна и 9. месец. 🤍
Уште многу малку до крајот на оваа наша приказна… и знам дека многу ќе ми недостига ова мое мало стомаче. 🥹
6 тренинзи неделно, многу движење и едно тело на кое навистина сум горда.“
Во осмиот месец од бременоста, таа истрча 10 километри на Белградскиот маратон.
Милена споделуваше фотографии во бикини во шестиот месец од бременоста.