• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Д-р Силвана Наунова Тимовска: „Стапката на доење од над 80% падна под 60%, некои мајки не сакаат да дојат“

26 ноември 2026, 10:00
  • cподели

Д-р Силвана Наунова Тимовска беше гостинка во емисијата „0м+“ на Телма, во која со водителката Марија Атанасовска разговараа на тема грижата за предвремено родените бебиња, како и важноста на мајчиното млеко за правилен раст и развој на новороденчињата.

Во разговорот, таа се осврна и на загрижувачкиот пад на стапката на доење во земјава, која од над 80% во минатото, денес стигнала под 60%. Според неа, потребно е континуирано подигнување на јавната свест за придобивките од доењето, особено поради сè почестите случаи во кои мајките уште пред породувањето одлучуваат да не дојат.

„Мајчиното млеко, на почетокот, тоа е колострумот, тоа е многу помало по количина, меѓутоа е многу густо, жолтеникаво, полно е со протеини, со имунолошки фактори, антитела, изозими, лактоферин, тоа е не само храна, туку и лек за самото бебе. И еден милилитар за него е доволно. Со стимулација на самата мајка, ќе може понатаму да се зголемува самата количина. 

Но, кога мајката не може да се измолзува, немаме такво млеко, тогаш треба да бидеме внимателни со формулата.

Меѓутоа, мајчиното млеко останува број 1 и треба да се бориме да ги стимулираме мајките да дојат. Ги поттикнуваме мајките, меѓутоа од една страна некако трендот во современиот свет е поинаков, современата жена има поинакви размислувања, стигматизирање, дека им ја нарушува убавината на физичкиот изглед. Некои мајки не сакаат да дојат. Дури и пред да почнат, земаат лекови со коишто сакаат да го стопираат своето млеко“ - истакна д-р Наунова-Тимовска, која е специјалист педијатар-неонатолог, претседателка на Здружението на неонатолози на Македонија и професор на Катедрата за Педијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје.

„Ние, како здружение и како неонатолози треба да работиме на поттикнување на јавната свест за благодетите од доењето и од мајчиното млеко за правилниот раст и развој, не само краткорочно, меѓутоа и за долгорочните придобивки коишто ги дава мајчиното млеко.

Штити од некротизирачки ентероколит, штити од инфекции, овозможува правилен раст и развој на самите деца, тоа се краткорочните, а долгорочните, таквите деца во самиот живот се помалку изложени на атописки заболувања, астма, алергии и секако обезноста. Децата коишто се доени понатаму во самиот живот имаат поинакви навики и се помалку склони кон зголемена тежина на самото тело.

Треба да се зборува за доењето постојано, затоа што многу е паднат бројот. Порано доењето беше над 80%, сега сме на многу мал процент, под 60%. Тоа воопшто не е задоволително“ - дополни таа.

Д-р Наунова Тимовска посочи и на придобивките од доењето за здравјето на мајката.

Целата емисија можете да ја гледате тука:

Tags
д-р Силвана Наунова Тимовска

Најнови

  • Д-р Силвана Наунова Тимовска: „Стапката на доење од над 80% падна под 60%, некои мајки не сакаат да дојат“

    Thu, 11/26/2026 - 10:00
  • „Вашиот ретровизор нема вечно да изгледа вака“: Татко од Штип со силна порака за родителите

    Thu, 11/26/2026 - 09:06
  • „Веќе те сакаме, гушкаме и галиме секој ден“: Мартина од „Martina’s Cooking“ со трудничка фотосесија со сопругот и синчето

    Thu, 11/26/2026 - 08:36
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.