Дел од новата женска колекција на Том Форд се најде на страниците на јануарското издание на списанието W, а Лара Стоун е моделот кој ги претстави креациите. Погледнете ги фотографиите.
Се појавија фотографиите од новата кампања на Версаче за сезоната пролет/лето 2011. Природно убавата Џенуари Џонс позираше целосно гола, само со стратешки поставена чанта и обувки. Погледнете ги овде.
Уште една холивудска двојка реши да се раздели пред празничната сезона. Скарлет Јохансон и Рајан Рејнолдс одлучија да му стават крај на својот двегодишен брак. Разделбата ја иницирала 26-годишната актерка поради тоа што поминувале премногу време разделени.
Мариса Милер е новата ѕвезда во кампањата на Марк Џејкобс за подигање на свеста за ракот на кожата. 32-годишната манекенка позираше целосно гола за кампањата.
Шпанскиот заводник Енрике Иглесијас на неколку концерти има покането обожавателки на сцена и ги има изненадено со нежен бакнеж в уста. Познатиот пејач објасни дека го прави тоа само кога е во добро расположение и дека неговите бакнежи никогаш не вклучуваат јазик.
Оскаровката Гвинет Палтроу доби своја ѕвезда на холивудската Патека на славните. 38-годишната актерка вчера беше почестена со 2427-та ѕвезда на булеварот Холивуд.
Зак Ефрон и Ванеса Хаџенс решија да стават крај на својата врска. 23-годишниот Зак и 22-годишната Ванеса се запознаа на снимањето на „High School Musical“ и беа заедно повеќе од три години.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ги објавија официјалните фотографии за свршувачката. Едната фотографија е поофицијална, додека на другата парот релаксирано ја покажува својата љубов преку нежна прегратка. Погледнете ги.
Елизабет Харли преку порака на Twitter призна дека се разделува од својот сопруг. Соопштението на Лиз доаѓа откако беше објавена снимка која ја потврдува нејзината љубовна афера со австралискиот крикет играч Шејн Ворн.
Во финалето на британското шоу X Factor гости беа Ријана и Кристина Агилера, но наместо комплименти тие добија многу критики од гледачите поради провокативните настапи прикажувани на ТВ пред 21 часот, време кога пред екраните има многу деца.