Бред Пит и Марион Котијар се шпиони кои се вљубуваат за време на мисија во која треба да убијат германски амбасадор во филмот „Allied“. Погледнете го трејлерот.
Ченинг и Џена-Деван Тејтум ја прославија 10-годишнината од нивниот заеднички филм „Step Up“ со видео во кое рекреираат танц сцена и фотографија направена за време на снимањето на филмот.
Непосредно пред концертот кој ќе го одржат во Охрид, Продиџи објавија порака со сочувство до семејствата на загинатите во поплавите во Македонија и најавија донација.
Пред својот концерт во Сиднеј, Селена Гомез издвои време за да изненади свој голем фан. 23-годишната пејачка отиде во домот на обожавателката Софи исполнувајќи ѝ ја најголемата желба - да се запознае со својот идол.
Изабели Фонтана заплива во брачните води. 33-годишната манекенка и Диего Фереро го изговорија судбоносното „Да“ на свадбена церемонија која се одржа на плажа на Малдиви.