Многу е голема веројатноста Елизабет Тејлор да го каже судбоносното „да“ по деветти пат, откако странските медиуми објавија дека е свршена со Џејсон Винтерс, менаџерот на Џенет Џексон.
Во краткото црно-бело видео се појавува Тајгер Вудс и гледа директно во камерата без да зборува, а во позадина се слуша гласот на неговиот починат татко.
Бившата „очајна домаќинка“ Николет Шеридан поднесе тужба против телевизијата ABC и авторот на хит серијата „Очајни домаќинки“, Марк Шери, за нанесени емоционални и физички повреди.
Поп-кралицата Мадона застана на чело на листата на изведувачи чии настапи и песни најмногу биле емитувани пред јавноста во периодот од 2000 до 2009 година.
Поп-иконата Мадона, која е позната по својот контроверзен стил на облекување исто колку и по пеењето, признала дека би сакала нејзината ќерка Лурдес да се облекува понормално.
По кратка пауза од светот на музиката, Кристина Агилера промовираше нов сингл. Слушнете ја песната „Not Myself Tonight“, која ќе биде дел од нејзиниот долгоочекуван нов албум Bionic.
Иако многу жени низ светот ѝ завидуваат за телото што го има, Шакира изјавила дека ѝ биле потребни стотици часови терапија за да може да си го засака своето тело.