Сопругот на Антониа Гиговска стана интернет хит: Роберт исмејуван за фризурата, им дели оценки на хејтерите
Што се случува кога ќе споите динамична песна, неочекувано трио и... многу специфична фризура? Добивате вистинска експлозија на социјалните мрежи. Најновата музичка соработка на Антониа Гиговска, Благица Павловска и Роберт Спасенцовски – „Чукај, чукај“, дефинитивно „крена врева“ и е прва во трендинг на YouTube. Но, се чини дека Роберт буквално го „украде шоуто“.
Неговиот изглед во спотот стана апсолутен хит на X (Twitter), каде што креативноста на корисниците (како и секогаш) не познава граници. Од коментари дека косата му личи на „книгиче отворено на 50-та страна“, до барања овој стајлинг да биде „криминализиран“, интернетот гори од досетки.
А реакцијата на Роберт? Музичарот започна да ги споделува мемињата на Instagram и да ги оценува во зависност од тоа колку се духовити.