• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Се разведе Владан од „Магла бенд“: Се расплака на првото слушање на песната „Криве дрине“

8 октомври 2026, 21:00
  • cподели
Владан Савиќ

Владан Савиќ стави крај на бракот со Марија.

По две години брачна заедница, популарниот фронтмен на српската група „Магла бенд“ се разиде со својата сопруга.

Иако во јавноста веќе подолго време се шпекулираше за нивниот развод, двојката дури сега ја потврди веста, а деталите за разделбата ги задржа за себе.

„Сѐ што имав да кажам, кажав во песната 'Криве Дрине'“ - изјави за српските медиуми Савиќ, прашан за љубовниот живот.

„Криве Дрине“ излезе пред само три недели, а токму при првото слушање на нумерата во студио, Савиќ беше сниман како не може да се смири од плачење.

„Ма оди, најди некој, остави ме, што ќе ти се овие мои „криви дрини“... Нека ти го носи малиот моето име, пушти ме да те сакам од далечина“ - се пее во рефренот.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MAGLA (@maglabend)

Марија пак ги потврди гласините за разводот.

„Точно е, но не би коментирала ништо понатаму, ниту би се огласувала на таа тема“ - изјави таа.

На најавата за песната „Криве дрине“, Влада во описот напиша:

„Постојат луѓе кои не престануваш да ги сакаш. Само сфаќаш дека повеќе не смееш да ги сакаш на истиот начин. Затоа што понекогаш љубовта не е доволна за некому да му бидеш добар. Понекогаш некого го сакаш, а немаш мир, сигурност или среќа коишто и двајцата ги заслужувате.

И тогаш го правиш она што ти е најтешко… Се повлекуваш. Прекинуваш нешто што најмногу би сакал да го чуваш до крајот на животот, иако знаеш дека потоа и самиот долго ќе ги собираш деловите од себе.

Затоа што љубовта не може да го поправи она што нè боли кога сме заедно.“ 

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Srbija Danas (@srbijadanas)

Љубовната приказна на Владан и Марија започна набрзо по неговата разделба со Јована Јоциќ, мајката на неговата ќерка Анѓелија. Пејачот во март 2024 година откри дека е заљубен, а само неколку месеци потоа направи веридба и голема венчавка на која им пееше Наташа Беквалац.

„Магла бенд“, предводен од Сaвиќ, е познат по големите регионални хитови како „Само се ночас појави“, „Непријатељ“, „Волиш ли ме“ и „Као жена дијамант“, а нивните концерти низ регионов се издвојуваат и по бројните специјални гости.

Tags
Владан Савиќ

Најнови

  • Владан Савиќ

    Се разведе Владан од „Магла бенд“: Се расплака на првото слушање на песната „Криве дрине“

    Thu, 10/08/2026 - 21:00
  • Алкалоид

    „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPhI

    Thu, 10/08/2026 - 17:07
  • „Гордост“: Постарата ќерка на Дарко и Маја Панчеви дипломираше, пејачката пресреќна

    Thu, 10/08/2026 - 14:54
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.