Со многу радост, насмевки и позитивна енергија, Стефан Лазаров го прослави доаѓањето на свет на синчето Лука. Познатиот водител и јутјубер организираше весела забава со мекици во ресторанот PARK by Ragusa Group, споделувајќи ја среќата со најблиските.
Музиката ечеше, а се виеше и по некое оро за малиот Лука. На веселбата настапија Иван Јованов со Либеро Бенд, а запеа и Лина Пејовска.
Лазаров сподели моменти од прославата, на кои се гледа дека среќата е огромна. Покрај семејството на Лазаров, присутни беа и негови пријатели како Димитар Атанасовски со Сара Мејс, Ненад Сињори со сопругата Ана, Мандар со Дариа, Таско и Христина Пан со ќеркичката Тара.