• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Марта, ти благодарам за најубавиот подарок “: Стефан Лазаров и Марта станаа родители и споделија прва фотографија од бебето

1 октомври 2026, 20:17
  • cподели
Лазаров

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта станаа родители. На свет пристигна нивниот син Лука, а среќната вест ја сподели новиот татко на социјалните мрежи.

Со емотивна порака и фотографија од малото ноџе на новороденчето, Стефан откри дека нивното семејство од денес брои три члена.

„Денес добивме син.. Марта ти благодарам за најубавиот подарок што може еден маж да го добие❤️🥹

Добредојде Лука Лазаров👶🍼“ – напиша тој.

Само кратко пред породувањето, Марта во интервју за Фемина зборуваше за исчекувањето на нивното прво дете и за емоциите со кои влегува во новото животно поглавје:

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Stefan Lazarov (@_lazarovv)

„Мајчинството за мене е нешто што сѐ уште не можам целосно да го замислам додека не го почувствувам. Мислам дека е една од најголемите промени во животот, но истовремено и една од најубавите. Едвај чекам да го запознаам Лука и да се запознаам себеси во таа нова улога со сите убави моменти, предизвици и лекции што ги носи.“

Стефан и Марта Лазарови
Стефан и Марта Лазарови

Марта сподели и дека имала лесна бременост, која ѝ овозможила речиси непречено да продолжи со вообичаеното секојдневие:

„Бременоста ми помина искрено многу лесно, на моменти дури се прашував дали сум бремена🙂. Во глобала ништо не се промени, си функционирав најнормално како и претходно, единствено нешто што знае да ми направи тешко се киселините кои од неодамна ми се појавија, но ништо страшно.“

Уште тогаш парот го имаше откриено името на синчето, а Марта со насмевка ни раскажа и како дошле до изборот Лука. Нејзината првична желба била нивниот син да се вика Леон, но Стефан имал поинаква идеја:

„Моја огромна желба беше да се вика Леон, но Стефан од друга страна не сакаше воопшто, зошто ќе го зезале „Сеат Леон“ или „Леонче мамичка“… Па како најблиску до Леон ни беше Лука и така се договоривме.“

Стефан и Марта Лазарови
Стефан и Марта Лазарови

Марта ни откри и каков човек посакува да израсне нивниот син и кои вредности сака да му ги всадат уште од најмала возраст:

„Сакаме да гледа љубов пред себе, разбирање и поддршка... Сакаме да израсне во човек кој ќе знае да сака, цени и помага. Семејните вредности пред сѐ...“

Македонскиот водител и јутјубер и неговата избраничка стапија во брак во 2023 година.
 

Tags
Стефан Лазаров
Марта Лазарова

Најнови

  • Лазаров

    „Марта, ти благодарам за најубавиот подарок “: Стефан Лазаров и Марта станаа родители и споделија прва фотографија од бебето

    Thu, 10/01/2026 - 20:17
  • Gyro House Bitola

    Gyro House пристигна во Битола – Ланецот расте, четврт ресторан во Македонија и тоа во срцето на Битола

    Thu, 10/01/2026 - 15:45
  • Клиника Жан Митрев

    Кардиолошки прегледи по промотивни цени во Клиника Жан Митрев до крајот на октомври

    Thu, 10/01/2026 - 15:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.