Мими Јовановска и Филип со слатко видео со синчето објавија дека чекаат второ дете, го открија и полот
Семејството на Мими Јовановска и Филип Нуневски Нуне ќе порасне за уште еден мал член.
Младата пејачка, која се прослави со учеството во „Ѕвездите на Гранд“, со слатко видео со сопругот и синчето Никола ја сподели убавата вест дека е бремена со второто дете.
Преку снимката направена во градина, тие го откриваат и полот на нероденото бебенце.
Додека Мими е свртена со грбот, Филип и Никола ги гледаат резултатите и потоа синчето ѝ носи еден од букетите на мајка си.
Сината боја откри дека тие повторно очекуваат момче.
„Три срца кои наскоро ќе бидат четири“ – напиша таа.