• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Солидарноста како моќно оружје во борбата со пандемијата - Компанијата dm дрогерие маркт донираше концентратори за кислород

22 март 2021, 12:24
  • cподели

Со цел да придонесе во борбата против Covid-19, компанијата dm дрогерие маркт донираше два концентратори за кислород со капацитет од 10 л. Кислородните концентратори се донирани и ставени на располагање во ЈЗУ Општа болница Велес.

dm донација

„Социјалниот ангажман и одговорноста кон заедницата се секогаш на врвот на приоритети на нашата компанија, а во моменти кога како општество сме соочени со можеби најголемиот предизвик на денешницата - глобалната пандемија, навистина е неопходна сечија солидарност, со цел да излеземе како победници од оваа битка“, велат од компанијата.

dm донација

Од почетокот на пандемијата, компанијата dm дрогерие маркт активно придонесува во борбата против корона вирусот, за што говорат бројните активности кои компанијата ги спроведе изминатата година. Имено, од самиот почеток на пандемијата компанијата dm дрогерие маркт донираше производи за дезинфекција и лична хигиена во вредност од 2.000 евра во Националното Здружение на медицински сестри, техничари и акушерки (ЗМСТАМ). Неодамна, компанијата донираше и два респиратори во вкупна вредност од 36.600 евра во Министерството за Здравство на Република С. Македонија, кое, согласно потребите на здравствените институции во земјата, донацијата ја пренасочи кон ЈЗУ Општа болница - Кавадарци и ЈЗУ Клиничка болница Битола.

Покрај бројните заложби за општествена одговорност во овој предизвикувачки период, компанијата уште еднаш на дело го потврди принципот дека компанијата постои поради луѓето, а не обратно. Имено, покрај 14 редовни плати во текот на годината, во деловната 2019/20 година на сите вработени во компанијата им беше исплатен вонреден бонус во износ од 9.000 денари. На овој начин, најголемиот дрогериски ланец во Европа дополнително вложи повеќе од 2.1 милион денари за поддршка на своите вработени во време на кризата предизвикана од светската пандемија на Covid-19.

Tags
dm

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.