Синчето на диџеј Мац наполни една година, на роденденот беа и кумовите Сара Мејс и Димитар Атансовски
Марјан и Татјана Петровски го прославија првиот роденден на нивното синче Петар.
Марјан, кој е познат како диџеј Мац, сподели фотографии од прославата и доби бројни честитки на социјалните мрежи. Парот позираше со малиот славеник и останатите членови на нивното семејство, а присутни беа и кумовите Сара Мејс и Димитар Атанасовски со нивните деца Кирил и Илина.
„Првото роденденче - фамилијарно ❤️
Среќен роденден љубов наша најголема“ – напиша диџејот во описот.
Марјан и Татјана објавија дека очекуваат принова во декември 2024 година, а нивното синче се роди на 24 февруари.