„Секогаш ќе ми фалиш“: Тамара Тодевска емотивна на 8-годишнината од смртта на Влатко Илиевски
Поминаа осум години откако македонската музичка сцена изгуби еден од своите најпрепознатливи вокали - Влатко Илиевски. Неговата предвремена смрт остави длабока трага во срцата на сите кои го познаваа, а особено кај неговите најблиски колеги и пријатели од естрадата.
Тамара Тодевска, која никогаш не криела колку ѝ значи пријателството со Влатко, на својот Инстаграм профил објави две заеднички фотографии заедно со порака.
„8 години без мојот Влатче. Секогаш ќе ми фалиш“ - напиша Тодевска, додавајќи емотикон со скршено срце.
Илиевски почина во 2018 година, оставајќи зад себе огромно музичко наследство – од ерата со рок-групата „Морал“, преку неговата успешна соло кариера и евровизискиот настап во 2011 година со „Русинка“, па сè до бројните актерски улоги.
