Сандра Булок во креација со леопардски принт откако се отвори за смртта на партнерот кој почина на 57 години од АЛС
Сандра Булок и Никол Кидман мамеа погледи во корсет фустани на вчерашното појавување во Лондон на премиерата на заедничкиот филм „Practical Magic 2“.
62-годишната Оскаровка шармираше во креација со леопардски принт. Фустанот со впечатлива панделка и висок шлиц е дел од есенската колекција на модната куќа Givenchy, а Сандра го надополни со златен накит и црни сандали со пердуви со потпис на Jessica McCormack.
Ова е прв филм на Булок по смртта на нејзиниот партнер Брајан Рандал, кој почина на 57-годишна возраст во 2023 година. Таа неодамна се отвори за неговата борба со АЛС и сподели дека со години тагувала по својот сакан.
59-годишната Никол пак пленеше во долг елегантен фустан со светлосини светки и висок шлиц. Модното парче беше изработено по нејзина мерка од Chanel.
„Practical Magic“ се враќа со долгоочекувано продолжение, во кое Булок и Кидман повторно ќе ги толкуваат сестрите Сали и Џилијан Овенс. Филмот во кината пристигнува на 11 септември, речиси три децении по премиерата на оригиналот.
Инспириран е од истоимениот роман на Алис Хофман од 1995 година и ја продолжува приказната за сестрите Овенс, потомки на вештерки кои се обидуваат да се ослободат од семејното проклетство поради кое умира секој маж во кој ќе се заљубат.