Детската Евровизија 2026 заврши со победа на Ерменија, која годинава ја претставуваше 13-годишната Наре со песната „BOO!“. Нашата претставничка Ана Стојаноска имаше одличен настап со песната „Идната Јас“, но го заврши натпреварот на 16. место, меѓу исто толку земји учеснички.
На големата музичка вечер, која се одржа синоќа во Малта, младите таленти од цела Европа ги претставија своите земји со впечатливи музички настапи.
Победничката Наре од Ерменија ги освои симпатиите на публиката и жирито.
Победничкиот настап
Второто место му припадна на 10-годишниот Лукас Паулано од Шпанија со песната „Cuore Bello (Te Quiero, Te Quiero)“, додека на третата позиција се пласираше 12-годишниот Алек од Франција со „Comment tu vas?“.
Меѓу петте најдобро пласирани земји се најдоа и Сан Марино и Грузија.
Македонската претставничка го заврши натпреварот на 16. позиција, зад Албанија, Ирска, Португалија и Црна Гора.
Настапот на Ана
На 24-тото издание на Детската Евровизија учествуваа 16 земји, а на сцената настапија вкупно 48 млади изведувачи на возраст од 9 до 14 години.
Годинешното издание се одржа под мотото „The Festa“, инспирирано од традиционалните малтешки прослави, со раскошна сценографија, колоритни настапи и празнична атмосфера.
За време на церемонијата настапи и актуелната евровизиска победничка Дара со хитот „Bangaranga“.