• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Шампионска тројка: 14-годишни сестри од Битола го освојуваат кошаркарскиот свет

13 јуни 2025, 07:09
  • cподели

Сестрите Момоковски се вистинска инспирација и доказ дека „заедно секогаш сме посилни“.

Атанасија, Ана и Марија се дел од првата постава на КК Петровски од Битола во категоријата М14, а изминатиот викенд со своите соиграчки станаа ШАМПИОНКИ на Македонија.

14-годишната златна тројка за Femina.mk зборуваше за своите спортски почетоци, за својот идол и за патот кон огромниот успех, а сподели и совети за идните генерации спортисти.

Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски

Трите сестри се занимаваат со спорт од својата петта година. Тренираа карате со многу успеси и награди, а по едногодишната пауза од каратето, се пронајдоа во кошарката и сега смело чекорат кон врвот на кошаркарскиот свет.

Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски

Љубовта кон кошарката им се појавила кога го запознале нивниот сегашен тренер, Никола Петровски, кој долги години работи со млади момци и девојки во КК Петровски, а е и наставник во ОУ „Коле Канински“.

„Љубовта кон кошарката ни се појави една година по паузата во карате клубот, кога во шесто одделение го запознавме нашиот наставник Никола Петровски по физичко образование“ – велат талентираните сестри за Femina.mk.

„Токму поради него започнавме да тренираме кошарка. Наставникот пред сè стана и наш идол. Со љубов и напорни тренинзи успеавме да стигнеме до натпреварување во државните лиги. На почетокот не мислевме дека ќе успееме“ – додаваат тие.

Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски

Иако се многу талентирани кошаркарки, Атанасија, Ана и Марија сонуваат заеднички сон – еден ден да имаат свој клуб.

„Нашиот сон е еден ден да имаме наш клуб и сите три да бидеме тренери“ – велат тие.

Најголемата поддршка сестрите Момоковски ја имаат од нивната мајка, но се разбира дека незаменлива е поддршката која непрекинато си ја даваат една со друга.

„Премногу ни значи меѓусебната поддршка и една без друга не можеме, барем засега“ – вели тројката.

Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски

На сите деца кои допрва треба да го поминат нивниот пат, Ата, Ана и Марија им порачуваат:

„Никогаш да не велат дека не можат. Секое дете мора да го пронајде својот идол во која било активност, без разлика дали е тоа уметност, литература, спорт... Многу е важно и да имаат голема поддршка од родителите“.

Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски Атанасија, Ана и Марија Момоковски

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.