Необична сцена која изгледаше како кадар од научнофантастичен филм привлече огромно внимание за време на посетата на српската делегација во Кина.
Во иновативниот центар „Mint Future Factory, претседателот Александар Вучиќ беше пречекан од хуманоидни роботи кои на српски јазик му посакаа добредојде, а потоа го заиграа и традиционалното српско оро „Моравец“.
Во импресивниот иновативен центар на компанијата Minth видовме како интелигенцијата ја гради иднината, а радоста го движи светот. Ни претставија сè, од склопување роботи до нивната неверојатна примена во секојдневниот живот, индустријата, но и забавата.
Кога ги видов роботите како го играат нашето оро „Моравец“, сфатив дека технологијата повеќе не е само прашање на наука и машини, туку и разбирање на традицијата и духот на еден народ. Признавам, играат подобро од мене, што и не е некаков подвиг, но првпат успеав да најдам некој што може да ми парира во истрајноста на работа. Не бараат пауза, не се жалат на работното време и не прашуваат за слободен викенд.
Ме радува што, благодарение на нашите кинески пријатели и партнери, ваквите технологии наскоро доаѓаат и во Србија. Тоа претставува сосема нова развојна енергија за нашата земја. Ако роботите веќе научиле да го играат „Моравец“, сигурен сум дека заедно ќе научиме и како да изградиме уште поуспешна, помодерна и посилна Србија – стои во објавата на Вучиќ.
Српските власти најавија дека Србија наскоро ќе започне со производство и склопување на хуманоидни роботи. Според најавите, првата фаза од проектот треба да започне до средината на јули, а првично ќе се работи на склопување роботи во Србија.
Serbian President Aleksandar Vučić Amazed by Futuristic Chinese Humanoid Robots pic.twitter.com/OZx6nX46ag
— Kurdistan 24 English (@K24English) May 27, 2026
Во Кина, претседателот е придружуван од својата сопруга Тамара.