• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Реалноста не е доволна“: Вечерва почнува 43-тото издание на ИФФК „Браќа Манаки“

19 август 2022, 06:18
  • cподели

Под мотото „Реалноста не е доволна“, Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе го започне своето 43-то издание вечерва во 21 часот во Центарот за култура во Битола. Прикажана ќе биде проекција на „Мајка и син“, француски филм во режија на Леонор Сераије и директорка на фотографија Елен Лувар.

Браќа Манаки

Филмот премиерно беше прикажан на Канскиот филмски фестивал годинава, каде главниот сценограф ја доби наградата за млад филмски техничар. Ова е петти филм на Лувар кој се прикажува во Главната програма на „Браќа Манаки“, откако претходно нејзините филмови играа: во 2003 година „Затвор“ (The Cage) во режија на Ален Раус; 2012 година „Атомска ера“ (Atomic Age), во режија на Хелена Клоц; „Невидливиот живот на Евридика Гузмао“ (The Invisible Life of Euridice Gusmao) во режија на Карим Ајнуз, 2019 година – за кој ја доби „Златната камера 300“ - и минатата година „Мурина“, во режија на Антоанета Аламат Кусијановиќ. Елен Лувар е една од најпознатите кинематограферки на денешницата, со импресивна филмографија од околу сто наслови, меѓу кои и филмови режирани од Агнес Варда, Алис Рорвахер, Вим Вендерс, Клер Дени, Меги Гиленхал итн.

Во Битола веќе пристигна Ентони Дод Ментл, добитникот на „Златна камера 300“ за животно дело, која ќе му биде врачена вечерва.

Браќа Манаки

Во текот на денешниот ден ќе пристигнат и Дариа Д’ Антонио, кинематограферката на филмот „Божја рака“ на Паоло Сорентино, која по утрешната прес конференција ќе одржи мастер клас, Маја Богојевиќ и Мелиса Созен, членки на меѓународното жири за главната селекција, актерката Ева Херциг, потоа кинематограферот Душан Јоксимовиќ, Јасмин Башиќ, член на жирито за документарната селекција, кинематограферот Бен Гуез, Најџел Волтерс почесниот член на ИМАГО и многу други.

Браќа Манаки

Црвениот тепих за филмофилите е поставен пред Центарот за култура-Битола. Градот го добива сјајот на филмскиот фестивал во чест на браќата Манаки и е подготвен за вечерашното отворање.

Tags
Браќа Манаки 2022
Браќа Манаки

Најнови

  • Ивана Стојановска

    „Сакам да бидам автентична, свесна и без потреба од извинување“: Поранешната мисица Ивана од Струга за модата, креативноста и образованието

    Fri, 01/09/2026 - 13:10
  • Принцезата Кетрин на 44-тиот роденден порача дека е благодарна и откри што значи да е жива по борбата со ракот

    Fri, 01/09/2026 - 12:08
  • Зимска радост во Унгарија: Поларни мечиња за првпат гледаат вистински снег и бескрајно му се радуваат

    Fri, 01/09/2026 - 11:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.