Свеченото затворање на 43. ИФФК „ Браќа Манаки“ ќе биде одбележано со проекција на играниот филм „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески. На денешната прес конференција беше претставена екипата која работеше на филмот.
Под мотото „Реалноста не е доволна“, Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ ќе го започне своето 43-то издание вечерва во 21 часот во Центарот за култура во Битола.
Наградата „Големата ѕвезда на македонскиот филм“, со која се оддава признание за исклучителен придонес во македонската кинематографија, оваа година постхумно ќе му биде доделена на филмскиот продуцент Горјан Тозија.