• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Разоткриени 7 митови за вашето здравје

12 декември 2009, 10:40
  • cподели

Сигурно многупати сте чувствувале грижа на совеста додека вечерате пред спиење или сте слушнале дека мажите кои имаат големи стапала се „надарени“. Точно тие митови се раскриени во новата книга „Не голтај ја гумата за џвакање: Митови, полувистини и потполни лаги за вашето тело и здравје“, напишана од два американски доктори Арон Керол и Рејчел Вримен. Еве дел од митовите:

Жена со тортаЖена што пие водаБананаГол мажГуми за џвакањеЖена и пајакКнига и свеќа

Јадењето навечер дебелее

Луѓето се дебелеат кога внесуваат повеќе калории, отколку што трошат. Не е важно кога јадете, туку колку и што јадете. Без разлика во кој период од денот ќе ги внесете, калориите си се калории.

Треба да пиете 8 чаши вода дневно

Овошјето, зеленчуците, кафето и соковите содржат вода и таа вода влегува во препорачаното количество кое треба да го пиете.

Тоа значи дека ако внесувате повеќе овошје и зеленчуци, не треба да го принудувате вашето тело да прима 8 чаши вода и со тоа непотребно да ги натоварувате бубрезите.

Мажите со големи стапала имаат големи пениси

Истражување во кое учествувале
3 100 мажи, потврди дека не постои врска помеѓу големината на чевлите на мажот и неговиот полов орган.

Мажите мислат на секс на секои 7 секунди

Ако претпоставите дека еден маж е буден 16 часа дневно, тогаш секој маж би требало да мисли на секс повеќе од 57 000 пати во текот на едно деноноќие.

Ако би било тоа вистина, мажите тешко би можеле да прават нешто друго поразлично од секс.

Голтнатата гума за џвакање останува во стомакот 7 години

Гумата за џвакање всушност е несварлива. Но, тоа не значи дека таа останува во стомакот. Телото се ослободува од неа со тоа што ја исфрла од организмот директно во WC-шолјата.

Секој човек голта 8 пајаци годишно

Ова тврдење не е точно, затоа што многу луѓе спијат со затворена уста. Друг аргумент кој го негира овој мит е дека превртувањето во сонот ги плаши пајаците и тие ретко се доближуваат до луѓето.

Читањето на придушена светлина го оштетува видот

Не постојат никакви докази дека овој распространет мит е вистинит. Иако напорот на очите при читање на придушена светлина може да предизвика привремено намалена острина на видот, тој се враќа во нормала откако ќе се одморите.

Tags
митови

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.