• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Македонецот Сашко Кедев влезе во Гинис како Највозрасниот човек во светот кој ги освоил сите 14 врвови над 8.000 метри

15 ноември 2026, 23:30
  • cподели
Д-р Сашко Кедев

Проф. д-р Сашко Кедев испиша историја во светскиот алпинизам. Македонскиот кардиолог и планинар официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек во светот кој успеал да ги искачи сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри.

Кедев го заокружи неверојатниот планинарски подвиг на 20 јули 2025 година, кога го освои врвот Гашербрум I (8.080 метри) во Пакистан, на возраст од 63 години и 14 дена.

Д-р Сашко Кедев

Со ова достигнување, тој стана првиот Македонец кој ги освоил сите 14 осумилјадници, а неговиот успех сега доби и официјална потврда од Guinness World Records.

Неговото патување кон освојувањето на највисоките планински врвови во светот започна на 19 мај 2009 година, кога се искачи на Монт Еверест. Во следните 16 години, Кедев успешно ги освои и преостанатите 13 осумилјадници, меѓу кои и К2, Анапурна, Лоце, Макалу и Канченџунга.

Особено впечатливо е што дури 13 од 14-те врвови ги искачи по својата 59-та година, а последните два ги освои во 2025 година: Канченџунга на 23 мај и Гашербрум I на 20 јули.

Д-р Сашко Кедев
Д-р Сашко Кедев

Но, ова не е единствениот рекорд кој го постави македонскиот планинар.

Гинис го признава Кедев и како највозрасниот човек во светот кој успеал да се искачи на сите 14 осумилјадници и да ги освои „Седумте врвови“, односно највисоките планински врвови на сите седум континенти.

Од Федерацијата за планинарство на Северна Македонија му упатија искрени честитки за историското достигнување.

„Рекордот на д-р Кедев е гордост за целото македонско планинарство. Тој покажа дека за големите соништа никогаш не е доцна и дека со упорност, дисциплина и почит кон планината, и највисоките врвови во светот се достижни. Неговиот пат е инспирација за секој член на нашите клубови – од најмладите до ветераните“, изјави Даниело Божиновски, претседател на Федерацијата.

Рекордот е потврден од Еберхард Јургалски, консултант за планинарство на Guinness World Records, а името на Кедев е објавено на официјалната страница на Гинис.

Sashko Kedev 🇲🇰 #G1 Mission accomplished✔️ #14x8000 #7Summits #Macedonia🇲🇰 https://t.co/o8P2BdwrQo

— Ganka Cvetanova (@gankacv) July 25, 2025

Tags
Сашко Кедев
планинарство

Најнови

  • Д-р Сашко Кедев

    Македонецот Сашко Кедев влезе во Гинис како Највозрасниот човек во светот кој ги освоил сите 14 врвови над 8.000 метри

    Sun, 11/15/2026 - 23:30
  • Ивана и Роман Лескароски

    Двапати смрт, еднаш долга борба“: Ивана Лескароски со потресна исповед за трите предвреме родени синчиња

    Sun, 11/15/2026 - 22:00
  • Клара Кокев

    „Често знаеме да се облечеме речиси идентично, па дури и да делиме одредени парчиња облека“: Клара Кокев за мајка си Тања и љубовта кон модата

    Sun, 11/15/2026 - 15:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.