Рамо до рамо со Сијара и Синди Крафорд: Македонскиот фотограф Стефан Соколовски на елитниот Формула 1 викенд во Мајами
Македонскиот фотограф Стефан Соколовски викендов се најде во центарот на гламурот во Мајами, каде што присуствуваше на неколку од најексклузивните настани поврзани со „Formula 1 Miami Grand Prix“.
Меѓу нив беше престижната забава на списанијата „People“ и „InStyle“, но и прочуениот „F1 Weekend at Carbone Beach“, елитен настан што спојува врвна гастрономија, луда забава и настапи на светски познати ѕвезди.
Во таква атмосфера, Соколовски имаше можност да се дружи со бројни познати личности, меѓу кои пејачката Сијара и супермоделот Синди Крафорд. Освен со нив, фотографот познат како badstef се запозна и со актерот Пол Антони Кели.
Дополнително, македонскиот креативец дел беше дел и од ВИП-забавата на која настапи легендарниот Снуп Дог, што го заокружи ова негово неверојатно доживување на спектакуларниот F1 викенд.
Талентираниот фотограф од Куманово претходно, во интервју за Фемина, рече дека имал безброј вакви ‘штипни ме – дали сонувам?’ ситуации, а зборуваше и дека патувањето на луксузни дестинации е неговото ново „нормално“ сега:
„Секако дека станува некој начин на нормала, што понекогаш знае да биде претешко и едноставно самиот тој стандард го бараш понатака низ целиот тек на животот и во сите сфери на самото живеење, и во твојата блиска средина, и во твоите пријателства, секојдневие и сѐ останато. Како човек ме менува само тоа што знаеш да вреднуваш, да препознаеш и да очекуваш квалитет околу себе. Самиот раст и успех си носи своја цена кој не секој може да ја приушти.“