• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Раце полни љубов и среќа“: Горан Папаз со сопругата и поголемото синче пресреќни на роденденот на тројката

30 декември 2025, 12:13
  • cподели

Горан Папаз и неговата сопруга Наташа го слават првиот роденден на тројката која ја добија на крајот на минатата година.

Македонскиот саксофонист и неговата сакана споделија фотографии од домашната фамилијарна прослава со Лена, Луна, Лазар, поголемото синче Дамиан и со нивните најблиски заедно со емотивна порака.

Една година од најубавиот ден во мојот живот - 3 нови, разиграни срциња во 3 минути 🤗🤗🤗❤️❤️❤️ СРЕЌЕН РОДЕНДЕН СОНЦИЊА НА МАМА И ТАТО, да сте ни секогаш здрави, среќни, разиграни, палавки и исполнети со љубов и прекрaсни луѓе околу вас ❤️❤️❤️ Ве сакаат мама, тато и бато до бесконечноста и назад 🥰🥰🥰

П.С. За мене вака изгледа “Раце полни љубов и среќа” 😇😇😇

Папаз пред еден месец за Фемина сподели дека тројката, родена предвреме и со силна борбеност од првиот ден, го променила секој аспект од неговото секојдневие, но пред сè, го зацврстила неговиот брак и му дала уште тројно љубов и трпение.

„Тројката нè возвиши и нè направи најгорди и најсреќни на цел свет. Бракот и пред да ни се родат Лена, Луна и Лазар ни беше жива хармонија, сега таа хармонија е само збогатена со нови три музичари“ – изјави Горан.

Tags
Горан Папаз

Најнови

  • Петар Горко сподели семејни фотографии од 18-тиот роденден на ќерката Јована

    Tue, 12/30/2025 - 13:43
  • Празнична магија во Филхармонија: Sarah Mace and the Girlzz приредија предновогодишен концерт за паметење

    Tue, 12/30/2025 - 13:37
  • „Раце полни љубов и среќа“: Горан Папаз со сопругата и поголемото синче пресреќни на роденденот на тројката

    Tue, 12/30/2025 - 12:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.