• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Pro Climate: dm разви производи кои се неутрални за животната средина!

5 мај 2021, 11:25
  • cподели

Во соработка со Техничкиот универзитет во Берлин, на основа на една засега единствена, научно заснована метода, dm разви нова линија на производи, кои не само што се неутрални за климата, туку се неутрални за животната средина. Влијанијата врз животната средина, кои настануваат при производство и одлагање на производите се целосно анализирани и редуцирани.

Производите се креирани со најдобар можен еко-биланс, додека неизбежните еколошки влијанија се компензираат во пет категории на животната средина: емисија на CO2 гасови, закиселување на водата и почвата, фотохемиски смог, еутрофикација и оштетување на озонската обвивка.

Со Pro Climate производите проширена е понудата на dm марките Denkmit, alverde, Sundance, Jessa и Sanft&Sicher, а таа опфаќа тоалетна хартија, циклусни влошки, производи за сончање, нега на коса, тело и лице, како и детергенти за миење садови и перење алишта. Моментално, на полиците на dm, може да се најдат 13 нови производи од линијата „Pro Climate“.

dm

„Една од најважните цели на dm е придонесот да ја заштити животната средина во секој сегмент од нашето работење, а производите од сопствените dm марки во тоа играат голема улога. Лидерската позиција на пазарот сакаме да ја искористиме за да поставиме нови, одржливи стандарди на работење. Затоа, во понудата на dm марките развивме нова линија производи - Pro Climate, со кои придонесуваме за обновување на еколошката рамнотежа преку процеси за ренатурација. Ќе продолжиме да ја усовршуваме својата понуда и да воведуваме иновации за да го намалиме влијанието на работењето врз животната средина, а со тоа на потрошувачите да им овозможиме да влијаат врз нејзината заштита преку изборот на производи“, изјави Предраг Петровиќ, раководител на секторите Набавка и маркетинг, логистика, прокурист во dm С.Македонија и Србија.

dm

Сеопфатна анализа, редукција и компензација

Процесот на изработка на Pro Climate производите е поделен во 3 чекори. Во првиот чекор сеопфатно се анализирани влијанијата врз животната средина кои се јавуваат во текот на целиот животен циклус на производот, од собирање на суровини, производство, транспорт, употреба па сѐ до одлагање.

Во вториот чекор, штетните влијанија врз животната средина се намалуваат што е можно повеќе преку оптимизација на производствените процеси (намалена употреба на суровини и амбалажи).

Третиот чекор опфаќа компензација на неизбежните штетни влијанија од фазите на производство и одлагање, вклучувајќи го и собирањето на суровини. Компензацијата се врши во соработка со германската компанија HeimatERBE GmbH, со вложување во проекти за ренатурација на подрачја со ниска еколошка вредност или контаминирани подрачја.

Со лансирањето на новата линија на Pro Climate производи компанијата уште еднаш на дело го докажа еден од своите основни принципи за примерно и одговорно работење во своето опкружување.

Повеќе на оваа тема можете да се информирате на www.dm.mk/pro-climate

Tags
dm

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.