„Принцезо моја! Те сакам од дното на мојата душа“: Горан Папаз со сладок текст на роденденот на сопругата со која имаат тројка
Горан Папаз со слатки зборови ѝ го честиташе 39-тиот роденден на сопругата Наташа.
Македонскиот саксофонист објави фотографија на која неговата сакана позира со четирите деца, меѓу кои и тројката којашто ја добија на крајот од 2024 година.
Горан не криеше колку силни чувства има кон својата избраничка.
Oсвен што си прекрасна мајка и сопруга, ти си најдобриот човек на планетава земја (подалеку не сум бил, не знам што има. На земјава ти си најдобрата).
Принцезо моја! Те сакам од дното на мојата душа!
Фала ти што постоиш. ❤️
Твој ден е ова, срце мое.
Среќен роденден! ❤️❤️❤️ - напиша тој.
Парот ги доби преслатките Луна, Лена и Лазар непосредно пред Нова година во 2024 година. Тие се родија предвреме и уште од првите денови покажаа колку се силни.
Горан во интервју за Фемина за Наташа зборуваше со многу љубов.
„Нате ми е супермама, столбот на семејството. Грижлива, внимателна и посветена. Не само како мајка, туку и како сопруга“ - ни изјави тогаш Папаз.

Зборувајќи за нивниот брак по доаѓањето на тројката, тој откри дека трите бебиња уште повеќе ги зближиле.
„Тројката нè возвиши и нè направи најгорди и најсреќни на цел свет. Бракот и пред да ни се родат Лена, Луна и Лазар ни беше жива хармонија, сега таа хармонија е само збогатена со нови три музичари“ – раскажа Горан.
