Прекрасни: Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ за првпат во живо го изведоа заедничкиот дует „Сузе“
Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ за првпат во живо го изведоа заедничкиот дует „Сузе“ во сараевската „Скендерија“.
Босанската пејачка беше специјална гостинка на неговиот концерт, а заедничката изведба беше проследена со овации од публиката. По настапот, Јаков ѝ се заблагодари за поддршката и соработката, а потоа клекна пред Џејла и ѝ аплаудираше, повикувајќи ја публиката да ѝ даде уште поголема поддршка. Настапот го завршија со насмевки и прегратка.
„Ова гостување ми беше најмило на срце. Ти благодарам што си тука од првиот ден и што ми беше најголема поддршка“ - ѝ порача Јаков.
На сцената, Џејла заблеска во гламурозна креација.
Дуетот „Сузе“, објавен на 20 ноември, веднаш постигна голем успех на YouTube, искачувајќи се на првото место на листата на музички спотови во тренд во шест земји: Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Македонија, Австрија и Германија.
Видеото од нивната прва заедничка изведба во живо веќе привлекува внимание на социјалните мрежи, а публиката со воодушевување ја следи музичката хемија меѓу двајцата млади изведувачи.