• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Куче херој: Златен ретривер скокна во базен за да спаси 2-годишно девојче од давење

24 ноември 2026, 22:46
  • cподели

Златен ретривер ги освои срцата на милиони со херојска постапка. Кучето по име Тереза без двоумење скокна во базен за да спаси 2-годишно девојче кое се давеше.

Драматичното спасување беше регистрирано од безбедносните камери во дворот на куќата.

На видеото се гледа како малата Маите се симнува по скалите на базенот, но набрзо почнува да тоне. Забележувајќи дека девојчето е во опасност, Тереза веднаш скока во водата и плива кон него.

Маите успева да се фати за кучето, кое ѝ помага да се одржи на површината на водата. Во меѓувреме, нејзината постара сестра Николи и мајка ѝ Гладиса Филбидо панично притрчуваат на помош и скокаат во базенот за да ја спасат.

Видео

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by People Magazine (@people)

Инцидентот се случил на 20 ноември во Шапада дос Гимараес, Бразил, каде семејството било на одмор кај роднини, кои се сопственици на златниот ретривер.

Мајката ја сподели снимката на Instagram за да ги предупреди останатите родители колку брзо може да се случи трагедија. Таа раскажа дека се оддалечила само на неколку секунди и дека нејзината ќеркичка никогаш претходно не влегувала сама во базен. „Трагедија може да се случи во 2 секунди“ - предупредува таа.

Во својата објава, благодарната мајка ја нарече Тереза хероина и му се заблагодари на Бог што го заштитил нејзиното семејство.

Верувам дека ова видео треба да биде објавено!

Мојата ќерка Маите има пристап до базени и никогаш, ама баш никогаш не влегува сама. Секогаш чека некој да влезе со неа.

Денес, само на неколку секунди, отидов да земам парче торта, а нејзината сестра Николи отиде да го земе коритото за капење на нашето куче, нашата хероина Тереза.

Маите едноставно влезе во базенот. Според нејзините зборови, сакала да нурка (во својата детска невиност).

Но, Бог секогаш ни покажува дека постои и дека се грижи за нас и дека може да искористи кое било живо суштество за да ги заштити своите чеда.

Денес уште еднаш му благодарам на Бог за неговата добрина и милост кон моите ќерки и моето семејство.

Никогаш не можете да бидете доволно внимателни.

Бог е добар во секое време.

И како што велам јас, Исус е прекрасен!

Те сакам, Исусе.

За среќа, малата Маите поминала без повреди, а нејзината мајка подоцна сподели и видео на кое девојчето безгрижно си игра со својата четириножна спасителка.

Tags
куче

Најнови

  • Куче херој: Златен ретривер скокна во базен за да спаси 2-годишно девојче од давење

    Tue, 11/24/2026 - 22:46
  • „Ме удри со телефонот во глава, мислам дека и ме давеше“: Николина Пишек за хоророт кој го доживеала со покојниот сопруг

    Tue, 11/24/2026 - 21:28
  • Татјана Алексиќ: „Oд каде толку злоба и завист во една мала држава, најубава на свет?“

    Tue, 11/24/2026 - 13:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.