• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Прекрасна дружба со моите омилени близначки“: Татјана Лазаревска во друштво на пријателките Маријана и Росана

21 август 2026, 15:24
  • cподели

Македонската фолк-пејачка Татјана Лазаревска на социјалните мрежи сподели фотографии од прекрасна дружба со сестрите близначки Маријана и Росана, со кои ја поврзува долгогодишно пријателство.

Татјана, која веќе повеќе години живее во Австралија, откри дека поминала прекрасна вечер во друштво на омилените близначки, споделувајќи неколку заеднички фотографии на кои трите дами се во одлично расположени.

„Прекрасна дружба со моите омилени близначки Маријана и Росана“ - напиша таа во објавата.

Маријана Новачевска, која заедно со сестрата Росана Тодоровска-Сариќ со години ја освојуваше македонската музичка сцена, исто така живее во Австралија. Во моментов, таа е во Македонија, каде периодов имаше посебна причина за враќање на музичката сцена.

Имено, по повеќе од три децении, Маријана и Росана повторно ги здружија гласовите и снимија нова песна, „Засекогаш млади“, заедно со Александар и Дац. Песната беше објавена неодамна, а нивното повторно музичко обединување предизвика голем интерес кај публиката.

Сестрите, кои важат за едни од најпознатите македонски близначки на музичката сцена, зад себе имаат бројни хитови, меѓу кои „Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“ и „Ако не исчезнам“.

Пријателството меѓу Татјана и Маријана, пак, не е ново. Двете често се дружат во Австралија и низ годините знаеле и заедно да запеат на различни македонски прослави и собири во Австралија.

Tags
Татјана Лазаревска
Маријана и Росана

Најнови

  • Ивона Антова

    „Колку сурово е да му честиташ роденден на детето кон небото“: Мајката на Ивона, која загина во пожарот во „Пулс“, со потресно писмо

    Sun, 10/25/2026 - 18:00
  • Ивана Ѓорѓиоска

    „Кога имав сила, го ставав турбанот и излегував, не сакав болеста да ми го одземе животот“: Исповед на мајка на две деца од Прилеп за борбата со рак

    Sun, 10/25/2026 - 16:01
  • Триумф на Ерменија на Детската Евровизија, Македонија на последно место

    Sun, 10/25/2026 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.