• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Пред 13 години извади школка од морето во која скри прстен и ме запроси, денес сè уште ме изненадува“: Маја Андоновска за годишнината со сопругот Ице

11 август 2026, 00:05
  • cподели

И по повеќе од една деценија заедно, Маја Андоновска Илијевски сè уште добива романтични изненадувања од саканиот Ице.

Шармантната актерка и поранешна директорка на Центарот за култура во Битола сподели интересен момент на годишнината од нивната веридба.

Парот моментално е на одмор со синот Николај, а Ице одлучи да ја изненади Маја на сличен начин на кој и ја запроси. Еве ја нејзината порака:

„Пред 13 години на овој ден, извади школка од морето, во школката скрил прстен и ме запроси. Денес ми извади ракче... Важно после 13 години сè уште ме изненадува“ - напиша таа.

Маја сподели и албум со фотографии со текст посветен на прекрасните зајдисонца кои ѝ се омилени.

Во интервју за Фемина, Маја изјави дека местото на кое бега од динамичното секојдневие и на коешто го наоѓа сопствениот мир е покрај море, уживајќи во зајдисонцето.

„Местото каде бегам од сè, за да се сретнам со себе и сопствениот мир, да си го смирам пулсот кој скоро секогаш е во тахикардичен ритам, да си ги успорам мислите, да спијам без аларм... не е во Битола.

Се наоѓа покрај море, на 2 и пол часа возење од Битола, а таму седнувам на плажа, читам книги и уживам во најмагичните зајдисонца кои секогаш од почеток ме воодушевуваат. Таму сум без исклучок Маја без шминка, со бушава коса извиткана од морската сол, без гламурозна гардероба, а со душа и насмевка кои светат како сонцето...“ - изјави таа.

Tags
Маја Андоновска Илијевски

Најнови

  • Анастасија Ражнатовиќ блеска неполн месец по породувањето, сподели видео во бел стајлинг

    Tue, 08/11/2026 - 12:41
  • Теодора Бацева

    „Пред да добие тапани, импровизиравме со перници и капаци од тенџериња“: Родителите на 9-годишната Теодора од Гевгелија за нејзиниот талент

    Tue, 08/11/2026 - 10:29
  • „Врескаш од среќа пошто си фатила вакви кадри“: Девојка сподели фотографии од Тоше Проески на неговиот концерт во 2006 година

    Tue, 08/11/2026 - 09:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.