• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Каролина Гочева и Тамара Тодевска гламурозни диви на концертот за 80-тиот роденден на Славе Димитров

29 ноември 2026, 18:00
  • cподели
Тамара Тодевска и Каролина Гочева

Каролина Гочева и Тамара Тодевска учествуваа на специјалниот музички настан во чест на реномираниот македонски композитор Славе Димитров.

Двете музички ѕвезди синоќа настапија во Македонската филхармонија на концертот „Од Евридика до Чија си“, со кој беше одбележан 80-тиот роденден на Димитров.

Покрај со вокалните изведби, популарните пејачки привлекуваа внимание и со елегантните сценски стајлинзи со потпис на македонски дизајнерки. И двете се одлучија за класична црна боја со блескави детали.

Каролина носеше долга црна креација со ефектна наметка од Јована Филиповиќ, украсена со мноштво светкави апликации. Наметката со висока јака и нагласени раменици му даде драматичност на нејзиниот изглед.

Каролина Гочева
Каролина Гочева

Каролина ја сподели и пораката:

Прекрасна вечер посветена на ликот и делото на нашата жива легенда Славе Димитров, чичко Славе, кој имав чест да го запознаам уште при моето прво влегување во студио во далечната ʼ91ва кога снимав детска песничка за фестивалот СиДо, а тој беше автор на аранжманот☺️

Синоќа, имав среќа да ми биде доделена мојата омилена од неговите, а секако еден од нашите најубави и најзначајни евергрини “Каде песно моја” по аранжман на @gordanspasovski изведена заедно со @nacionalenjazzorkestar 

Благодарам на покана @darkodimitrov , беше вистинска чест да се биде вчера на сцената на Македонска Филхармонија 💫
 

Тамара избра елегантна тоалета од Наталија Терзија со асиметрично деколте, корсет со врвки на грбот и силуета која се проширува во долниот дел. Долгите блескави ракавици внесоа дополнителна доза гламур во стајлингот.

Каролина Гочева и Тамара Тодевска
Каролина Гочева и Тамара Тодевска
Каролина Гочева и Тамара Тодевска
Каролина Гочева и Тамара Тодевска

Гочева ја интерпретираше безвременската „Каде песно моја“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Mediaset.mk (@mediaset.mk)

Тодевска ја отпеа „Дали да ти пријдам“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Radio Bubamara (@radiobubamaramk)

Тамара сподели фотографии од зад сцената, на кои двете пејачки позираат прегрнати и широко насмеани и ги пренесе своите впечатоци од музичкиот настан.

„Една посебна вечер во Македонската филхармонија во чест на 80-годишнината од раѓањето на нашиот композитор, единствениот Славе Димитров. ❤️

Честитки и за мојот пријател и соработник Дарко Димитров, како и за Горан Саздановски за целата организација и за фактот што го обедини најдоброто од Македонија заедно со Националниот џез оркестар под водство на маестро Емин Џијан.

Уживавме сите! ✨“ – напиша таа.

Јубилејниот концерт обедини бројни македонски музички имиња во чест на богатото творештво на Славе Димитров. Антологиските „Чија си“, „Делфина“, „Каде песно моја“ и други композиции кои одбележаа генерации добија ново оркестарско руво во изведба на Националниот џез оркестар.

Tags
Каролина Гочева
Тамара Тодевска
Славе Димитров

Најнови

  • Тамара Тодевска и Каролина Гочева

    Каролина Гочева и Тамара Тодевска гламурозни диви на концертот за 80-тиот роденден на Славе Димитров

    Sun, 11/29/2026 - 18:00
  • „Дијабетесот не е од благо, Андреј ги заслужува сите детски радости“: Мајка од Кавадарци за дијагнозата на синчето

    Sun, 11/29/2026 - 16:50
  • Сензуалност без разголување: Моника Белучи блескаше во црна креација во Маракеш

    Sun, 11/29/2026 - 13:30
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.