Изгаснете ја жедта во жешките денови со природна лимонада со вкус на праски. Идеалниот спој на слатко-кисели овошни вкусови ќе ви ја врати енергијата и ќе ве освежи. Дознајте како да ја направите.
Ег-ног е традиционален млечен пијалак кој е особено популарен во САД и Канада за време на зимските празници како Божиќ и Нова Година. Научете како да го приготвите и изненадете ги вашите најблиски со специфичната арома на овој кремаст пијалак.
Коктелот негрони е одличен аперитив за пред вечерата. Неговиот богат вкус ќе ви го отвори апетитот за со сласт да го консумирате последниот оброк во денот, а неговиот изглед на полиран рубин ќе ви го привлече погледот како со магнет. Научете како да го приготвите.
Ирското кафе е коктел од топло кафе, ирско виски, малку шеќер и слатка павлака. Не одзема многу време за приготвување, па набрзина можете да си го направите во домашни услови и да му се насладувате на богатиот вкус. Прочитајте како.
Грееното вино (познато кај нас и како варено вино) е одличен пијалак за да се згреете и расположите во студените есенски и зимски денови. Најчесто се приготвува од црвено вино кое е зачинето со стапчиња цимет, каранфилчиња, ванила... Научете како.
Сангријата е шпански пијалок кој содржи вино, бренди, овошје, шеќер и газирана вода. Името доаѓа од зборот сангре, што во превод значи крв. Постојат многу различни рецепти за правење на сангрија, но еве еден којшто ќе ви го долови вкусот на традиционалната сангрија.
Пина Колада е сладок коктел кој во себе содржи рум, кокосов крем и сок од ананас. Најчесто се служи со издробен мраз. Тој е еден од најраспространетите коктели низ баровите во Македонија, но тоа не треба да ве спречува да си направите свој во домашни услови. Научете како.
Куба Либре е едноставен освежителен коктел кој сигурно ќе ве измами да го пробате во текот на топлите пролетни и летни денови. Одличен е ако сакате да ги изненадите своите пријатели, затоа што повеќето луѓе го обожаваат, а се приготвува многу лесно.
Иако звучи како лесен коктел, Long Island Iced Tea содржи многу алкохол (вотка, џин, текила, ликер од портокал, рум). Но и покрај тоа, некако успева да има одличен вкус.
Зелениот чај е неверојатен извор на здравје и постојат многубројни истражувања кои го докажале тоа. Дознајте зошто треба да консумирате зелен чај секој ден.