• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Пијалаци и коктели

Ирско кафе

17 декември 2010, 11:00
  • cподели
Ирско кафе

По долга прошетка низ снежните улици, еден од најдобрите начини да се затоплите е топол пијалок, а ирското кафе секогаш звучи многу примамливо.

Ирското кафе е коктел од топло кафе, ирско виски, малку шеќер и слатка павлака. Не одзема многу време за приготвување, па набрзина можете да си го направите во домашни услови и да му се насладувате на богатиот вкус.

Оригиналното ирско кафе за прв пат било направено од Џозеф Шеридан, кој работел на аеродром во западна Ирска. Со цел да ги затопли изморените патници, во една зимска вечер, тој ставил во кафето виски. Кога задоволните патници го прашале дали станува збор за бразилско кафе, тој им одговорил дека пијалокот е всушност ирско кафе.

Состојки

40mlирско виски
80mlтопло црно кафе
30mlслатка павлака
1 лажичкакафеав шеќер

Подготовка

  1. Загрејте ја чашата во која ќе го служите коктелот со помош на топла вода. Ако чашата е ладна, кога ќе го ставите топлото кафе може да се случи да пукне.
  2. Ставете го во чашата шеќерот и додајте ги вискито и топлото кафе. Мешајте со лажичка сè додека шеќерот не се растопи.
  3. Земете мала лажичка, свртете ја и врз задниот дел полека налевајте ја слатката павлака (врвот на лажичката треба да ја допира површината на течноста во чашата). Павлаката треба да остане да „лебди“ на површината. Откако ќе ја додадете павлаката, кафето не треба да се меша.

Ирското кафе се служи топло. За поубав изглед одгоре можете да ставите малку изрендано морско оревче или да украсите со стапчиња цимет. Заедно со кафето можете да послужите и мали колачиња со парчиња чоколадо или кекс.

Совет: Оригиналниот рецепт се прави со слатка павлака којашто не е многу матена, скоро течна.

Ирското кафе е совршено за претстојните празници. Наместо со обично кафе, изненадете ги гостите со „жестоко“ кафе за повеќе насмевки и позабавни разговори.

Варијации

  • Мексиканско кафе – вискито заменете го со Калуа (Kahlúa), т.е. ликер од кафе.
  • Јамајканско кафе – вискито заменете го со темен рум.

Ирско кафе – ВИДЕО

Tags
ирско кафе
кафе

Најнови

  • Викторија Лоба

    Викторија Лоба го испроба виралниот тренд со масло за елегантни велигденски јајца

    Thu, 04/09/2026 - 19:20
  • dm рутини за нега на лице

    dm и козметологот Лепосава Анѓеловски откриваат рутини за нега на комбинирана, масна и сува кожа со Balea и alverde производи

    Thu, 04/09/2026 - 14:05
  • 14-годишната ќерка на Мики и Светлана Црнокрак со две други Македонки меѓу најубавите тинејџерки на Мис на Галаксијата

    Thu, 04/09/2026 - 14:02
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.