„Ова што сѐ почесто го гледаме кај младината е ЗАБЕГАНО И ПСИХОПАТСКИ“: Жестоки реакции по врсничкото насилство во Аеродром
Случајот со врсничкото насилство во скопската населба Аеродром, кој деновиве ја потресе македонската јавност, предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи.
Голем број јавни личности го осудија бруталното однесување на малолетниците, барајќи одговорност, построги мерки и поголема вклученост на родителите и институциите.
Во продолжение ви пренесуваме дел од нивните ставови и пораки:
Мартин Јованоски
"ЌУТЕТЕ ДА СЛУШАМЕ КАКО ЌЕ ПУКА!"
"ЌЕ ПРИЈАВИШ? АЈ ДА ЧУЈАМ ДАЛИ ЌЕ ПРИЈАВИШ!?"
"АЈДЕ БЕ, ЛУПАЈ ЈАА!"
"ПОЗДРАВ ДО ЕКИПАТА!"
"УШТЕ ЕДНАШ, АЈДЕ, НА СИЛУ!"
"САКАШ УШТЕ ЕДЕН? АЈДЕ, ДА ПУКА!"Ова се дел од гнасотиите што се слушаат на видеото кое денес се споделува. Видео каде младо дете, девојче е снимано додека е шамарано, навредувано, исмејувано, терано да клечи и да моли за да престанат шамарите.
Наоколу 30-тина други деца, машки и женски, сите до последен се смеат и уживаат во глетката. Едно евидентно задоволно, демонско смеење кое не може да не го забележи човек. НИКОЈ ОД ПРИСУТНИТЕ НЕ СЕ НИ ОБИДУВА да помогне на девојчето, НИКОЈ, НИКОЈ ОД 30 ДУШИ...
Ајде да зборуваме реално.
Сите ние правевме забранети работи на времето, бевме непослушни, се криевме, пркосевме. Имаше и тепачки, да. Имаше ферки, се тепаш позади школо и си одиш дома. Никој не дознава, никој не страда.
Ова што сѐ почесто го гледаме кај младината по видеа е ЗАБЕГАНО, БОЛНО, ЗАГРИЖУВАЧКИ И ПСИХОПАТСКИ. ВО СУШТИНА, ФИНАЛЕ ВО УНИШТУВАЊЕ НА ЕДНО ОПШТЕСТВО, ЕДНА НАЦИЈА.
Кога дете од 12 години ужива, снима, се смее, се дере задоволно и се концентрира на звукот на шамарите, додека гледа како друго дете е плукано и влечено за коса И НЕ ПОЧУВСТВУВА ПОТРЕБА, НАГОН, БЕС, ЖАЛ...МАКАР МАЛА ЕМОЦИЈА, МАКАР НЕШТО ЧОВЕЧКО ДА ПОМОГНЕ ИЛИ ВО НАЈМАЛА РАКА ДА ОТИДЕ И ПОВИКА ПОМОШ....мене ми е многу жал, ама нормален, прифатлив збор не можам да најдам.
Дете се воспитува. Со дете се зборува. Дете се казнува. Со дете се работи.
На дете не му се купува ајфон од 1000 евра. На дете не му се купуваат патики од 200 евра. Не му се купува електричен тротинет. Не му се купува електричен скутер или мотор за да дреме по бензиски пумпи. Дете на 14 години треба да има точак. Да врти педали и да се поти, да се оформува телото и да се гради правилно. Дете на 14 години треба да игра фудбал, баскет, да трча, да се смее, да има симпатии, да учи, да биде наградувано и казнувано, да чита лектири, да знае што е авторитет, да знае што е култура и воспитување....
Со моторот под газ, со ајфонот, некултурата, размазеноста и целата слобода и поддршка дадена од дома, поинакви видеа и нема да гледаме скоро по социјалниве мрежи.
Наместо деца полни живот, ќе гледаме мали демони на кои очите им светкаат задоволно секогаш кога ќе видат насилство, газење и булинг. И наместо детски џагор во воздухот ќе одекнува "Ќутете да слушаме како ќе пука!".
И баш тоа и нѐ очекува. Ќе ќутиме и ќе слушаме како ќе пука.
Тешко на тоа девојче.
Едина Муса
Сефер Цаноски
Имам четири ќерки. Самата помисла дека некоја од нив би можела да биде на колена додека други ја понижуваат, а десетици снимаат, во мене буди гнев што тешко се опишува со зборови..
Насилството никогаш не е сила. Силата е да застанеш во одбрана на послабиот.
Да ги воспитуваме децата да бидат луѓе. Само така ќе имаме подобро општество.
Калина Коси
Иако многу многу поретко, се случувало и порано да се степаат деца. Женско со женско, машко со машко, еден на еден. Скубење за коса, некое кошкање меѓу машките на земја, по некоја клоца кога ќе се степаа група деца. Толку. Скоро секогаш се наоѓало некое друго дете кое се обидува да ги раздвои, и успевало во тоа. Некогаш веднаш ќе си пружеа рака, некогаш ќе се смиреа после саат два, некогаш ќе останеа скарани, ама и двајцата со свиткани глави од страв, да не дознаат мама и тато. А кога ќе дознаеа, од школо, реонскиот полицаец кој пред да те каже малку ќе те „подбере“ или од комшилук, особено ако си крив, прво ќе си добиеше една добра „воспитна“ дома за памтење, па ќе те фатеа за рака и ќе те тупосаа пред другото дете и ќе те натераа да му се извиниш, сакал ти или не! И немаше да ти текне друг пат со некого да се рчкаш! Така се правеше тоа!
Што е ова сега? Во што сме ги претвориле децата? Какви се овие мини монструми? Состојбава сите сериозно треба да не загрижи! Овде не се работи за тепачки од типот „му се налутив, во лутината го удрив“. Овде се работи за смислени сценарија на агресивни филмови кои се снимаат во живо, кои се планираат предвреме, во кои главниот насилник е херој кој гордо се објавува по социјалните мрежи! Ова што го гледаме е длабоко нарушување во личноста на децата кое тешко се лечи. Не се граничи, туку е класично однесување на психопати и садисти кои буквално уживаат, се смеат, исчекуваат и бараат што е можно погрозоморно насилство, понижување и измачување на жртвата. Да се смееш кога некој лиже измет, клечи на колена и моли, ти течат лиги кога на некој му тече крв, и да навиваш и бараш уште еднаш да удри, и да викаш „ќути, да слушнеме како ќе пукне, ај сега бокс, малку и е“? Тоа е сериозна психијатриска дијагноза за лекување во болница! И на тој што удира и на тој што навива, нема разлика во забеганоста!
Што чекаат институцииве јас стварно не разбирам! Баш ги заболе психопатчињата за казната од 250 евра! Ќе ја платат мама и тато! Вратете ги реонските полицајци. Да ги стават под контрола децава психопати, кои малтретираат и се изживуваат врз послаби, вриштат, пцујат, кршат клупи во 3 сабајле без око да им трепне. Заостри ги казните. Праќај во поправни домови се што се покажало мрднато и болно. Баталете парични казни, права на деца, чуда, врагови, глупости. Одврзи им ги рацете на полицајците малку, нека поседи монструмчето неколку дена во станица затворено во 4 ѕида, да види како е. А кога ќе излезе, удри му задолжителна казна од минимум 3 месеци да мете улици и да собира ѓубре секој ден, на сонце, на пеколот, на пороен дожд и град или на минус сред зима! Па ќе зборуваме тогаш дали ќе има ефект или нема да има! И тоа како ќе има!
Што правиме луѓе? Чекаме да пораснат овие во серијски убијци или што?
Ригорозни мерки под итно!
Татјана Алексиќ
📌Агресија раѓа агресија и агресивно се шири!
📌Бруталноста се смета за ,,предизвик"!
📌Емоционална неписменост и ограниченост се во тренд!
📌Под итно да се смени казнената политика за старосна граница!
📌Ако се способни и на најмала возраст да се изживуваат вербално и физички, способни се и да убиваат!
📌Ако гледаат сеир, снимајќи малтретирање и навивајќи како во гладијаторска арена, истото ќе го прават во наредна (не)прилика!
📌Ако е сѐ ова глумење лудило и свртување на јавното внимание, уште поголеми казни!!!
📌Ова се деца кои што растеле со реалити шоу емисии, со медиумска поддршка на агресивност, бруталност, дрскост и невоспитаност, без мрвка емпатија!
Соња Алексоска Неделковска
Дете клечи и моли за милост, додека други го навредуваат, го удираат, го влечат за коса.
Присутните, исто така деца, снимаат и навиваат. Сцена како од книгата ,,Господарот на мувите" на Вилијам Голдинг. Едно од прашањата кои авторот ги поставува е: Како се создава толпа што следи насилство?
Сакам да го слушнам објаснувањето на родителите од овие деца.
Зашто зад секое дете стои дом и воспитување. Ниедно дете не се раѓа како насилник.
Перо Антиќ
Весна Петрушевска