• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Општина Велес се откажа од новогодишните прослави, парите ќе ги донира во хуманитарни цели

21 декември 2016, 20:08
  • cподели

Босанскиот град Какањ започна тренд на хуманост. На почетокот на месецов, Балканот го обиколи веста дека по барање на граѓаните, Какањ се откажува од новогодишната прослава и парите ги донира за лекување на 7-годишно момче.

Српската јавност започна масовна петиција „Да бидеме хумани – Нова година за Нов живот“ и досега повеќе општини одговорија позитивно на барањата да се каже „НЕ“ на прославите и да се пренаменат парите за хуманитарни цели.

Прослава

И во Македонија започнаа иницијативи да станеме дел од бранот на хуманоста. Градоначалникот на Велес денес објави дека нема да се организира празнична прослава за дочекот на Новата година и дека парите ќе бидат донирани.

„Локалната самоуправа оваа година нема да организира прослава за одбележување на Новата Година. Одлучено е планираните средства да бидат донирани во хуманитарни цели.“

„За таа потреба од Центарот за социјални работи побарани се информации за оние семејства кои имаат најголема потреба од помош во пресрет на претстојните празници“ – пишува во соопштението на сајтот на општината.

Велес

Онлајн анкетата на нашиот сајт покажува дека има многу мал интерес за посета на прославите на плоштади.

Со оглед на тоа што само 1% од над 3.000 лица избрале дека ќе ја дочекаат Нова година на плоштад, градоначалниците треба посериозно да се замислат за ваков хуман потег.

Фемина анкета
Tags
хуманост

Најнови

  • Принцезата Кетрин на 44-тиот роденден порача дека е благодарна и откри што значи да е жива по борбата со ракот

    Fri, 01/09/2026 - 12:08
  • Зимска радост во Унгарија: Поларни мечиња за првпат гледаат вистински снег и бескрајно му се радуваат

    Fri, 01/09/2026 - 11:10
  • Врв на скандалот: Бруклин Бекам побарал од родителите Дејвид и Викторија да контактираат со него само преку неговите адвокати

    Fri, 01/09/2026 - 10:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.