• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Огномети, шампањ, специјален фустан... Татјана Јанушева блеска на официјалните фотографии од веридбата со Давид

21 септември 2026, 09:21
  • cподели

Татјана Јанушева со партнерот Давид Настов организираа прекрасна прослава за нивната веридба.

Македонската убавица блескаше во специјално изработен фустан за неа од брендот MDRGSC додека славеше со најблиските.

Забавата се одржа покрај базен, а имаше многу шампањ и прекрасни огномети.

Тати сподели официјални фотографии од прекрасните моменти. „Ноќ за паметење“ – напиша таа во описот.

Тати и Давид се верија во Дубровник.

За Фемина, таа призна дека, иако се заедно пет години, запросувањето дошло во момент кога најмалку го очекувала.

„После 5 години заедно, искрено воопшто не очекував дека ќе се случи токму сега. ❤️ Бев запросена во Дубровник и мислам дека никогаш нема да го заборавам тој момент. Беше толку неочекувано, а можеби токму затоа и уште поубаво.

После толку години, толку заеднички моменти, убави и тешки денови, сега започнуваме едно ново поглавје заедно. Не можев да замислам поубаво место и поубав начин да се случи. ❤️“ - ни раскажа убавиот модел.

Tags
Татјана Јанушева

Најнови

  • Бака Прасе лажеше на Instagram дека е уапсен, ќе добие кривична пријава

    Mon, 11/09/2026 - 19:47
  • Бака Прасе е приведен? Неговиот тим тврди дека бил одвлечен од дома од маскирани лица

    Mon, 11/09/2026 - 14:09
  • Eucerin

    Убавината по 25-тата: Eucerin Hyaluron-Filler + Longevity Epigenetic, кога науката ѝ помага на кожата да остане своја

    Mon, 11/09/2026 - 12:16
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.