• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Не можев да замислам поубаво место и поубав начин“: Македонската убавица Татјана Јанушева се вери во Дубровник

23 август 2026, 13:51
  • cподели

По пет години исполнети со љубов, заеднички моменти и животни предизвици, Татјана Јанушева и нејзиниот партнер Давид започнуваат ново поглавје во нивната љубовна приказна.

Македонската убавица и нејзиниот избраник се верија во романтичниот Дубровник, каде што Давид ја запроси Татјана, приредувајќи ѝ изненадување кое долго ќе го памети.

Иако се заедно веќе пет години, Тати за Фемина признава дека воопшто не насетувала што подготвува нејзиниот сакан. Запросувањето дошло во момент кога најмалку го очекувала, а токму таа спонтаност ја направила целата приказна уште поспецијална.

„После 5 години заедно, искрено воопшто не очекував дека ќе се случи токму сега. ❤️ Бев запросена во Дубровник и мислам дека никогаш нема да го заборавам тој момент. Беше толку неочекувано, а можеби токму затоа и уште поубаво.

После толку години, толку заеднички моменти, убави и тешки денови, сега започнуваме едно ново поглавје заедно. Не можев да замислам поубаво место и поубав начин да се случи. ❤️“ - ни раскажа Тати.

Од незаборавното патување, Татјана и Давид ќе понесат спомен кој засекогаш ќе ги врзува со Дубровник. Градот на Јадранот стана местото на нивното големо „ДА“ и почетната точка на новото поглавје кое ќе го испишуваат заедно.

„Дубровник отсега засекогаш ќе има посебно значење за мене“ - дополни атрактивниот модел.

To view this video please enable JavaScript, and consider upgrading to a web browser that supports HTML5 video

Tags
Татјана Јанушева

Најнови

  • „Не можев да замислам поубаво место и поубав начин“: Македонската убавица Татјана Јанушева се вери во Дубровник

    Sun, 08/23/2026 - 13:51
  • Ивана Герасимов

    „Кога ќе видам бремена жена, си го допирам стомакот“: Ивана за животот по леукемијата, секојдневната агонија и неостварената желба за дете

    Sun, 08/23/2026 - 02:15
  • Европско првенство во параглајдинг

    Македонија со европско сребро, Ана Бергер со злато – параглајдеристите испишаа историја во Крушево

    Sun, 08/23/2026 - 00:10
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.