Јуни, јули, август, септември. Во Македонија, свадбената сезона со години има свој препознатлив ритам. Викендите се резервираат однапред, календарите се полнат со покани, а свадбите речиси автоматски се поврзуваат со топлите месеци.
А зимата? Како свадбената сезона да завршува со последните летни денови.
Ако прашате десет луѓе зошто е така, веројатно ќе добиете сличен одговор: „Така се прави.“ Некој ќе го спомене времето, друг ќе рече дека зимата едноставно не е сезона за свадби. Но, дали навистина има толку многу причини да се чека летото?
Времето? Свадбата се одвива внатре, во сала. Зимските денови кај нас често се сончеви и суви, а летото знае да изненади со невреме токму во саботата кога најмалку треба. Временската прогноза не ја планира никој, но местото и организацијата да.
Гостите? Токму обратно. Летото е сезона на одмори и патувања. Во зима шансите некој да биде на море или на пат се многу помали. Помалку „не можам“, повеќе „се гледаме на свадба“.
Датумите? Тука зимата убедливо победува. Летните сабота се резервирани со месеци, па и со година однапред. Во зима вие го бирате датумот, не датумот вас. И не е само салата. Музичарите, фотографите, декорот, сите се послободни и подостапни кога не трчаат од свадба на свадба. Организацијата е дефинитивно полесна.
Зимата има своја свадбена магија
Зимските свадби нудат можност за поинаква естетика и атмосфера. Топлиот амбиент, внимателно избраната декорација, свечената вечера и музиката можат да создадат романтична и гламурозна прослава што ќе се памети долго.
Наместо да се водите според вообичаениот календар, можете да размислувате за тоа каква свадба навистина сакате. Со добро осмислен простор и професионална организација, годишното време станува дел од приказната, а не ограничување.
Ragusa Group ја отвора сезоната на зимски свадби
Токму оваа идеја е во основата на новата кампања на Ragusa Group, „Сите чекаат лето, таа не“, со која официјално започнува понудата за зимски свадби за периодот од јануари до април 2027 година.
Понудата ги опфаќа трите простори на групацијата во Скопје, секој со свој карактер и амбиент.
Ragusa 360 нуди панорамски поглед над градот и впечатлива атмосфера за прослави со модерен, урбан карактер.
Park by Ragusa Group носи поинаква елеганција и романтична атмосфера во центарот на градот, со простор што овозможува свадбената визија да се претвори во уникатно доживување.
Ragusa 919 е одличен избор за парови што сакаат внимателно осмислена прослава, во која организацијата и деталите се подеднакво важни.
За паровите што ќе изберат зимски термин, Ragusa Group подготви пакет со дополнителни услуги, фиксен попуст на менито и личен менаџер кој ќе ги води низ организацијата – од првиот состанок до последниот танц.
Бројот на зимски термини е ограничен, а сите детали за пакетите и можностите се споделуваат лично, на состанок без обврска.
Можеби токму зимата е вашето време
Сите чекаат лето. Вие можете да изберете поинаку.
Повеќе информации и закажување состанок: winterweddings.mk
- Ragusa 360: +389 75 398 919
- Park: +389 72 22 61 23
- Ragusa 919: +389 75 423 456