• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Оглас за работа во Femina.mk

21 мај 2025, 14:20
  • cподели

Имаш страст за пишување и моќен глас кој заслужува да допре до што поголема публика?

Femina.mk го проширува тимот и е во потрага по елоквентни, организирани и креативни автор(к)и со изразена самоиницијативност, способни да се придржуваат до рокови и да балансираат помеѓу различни приоритети и проекти.

Femina

Квалификации и способности:

  • Совршено познавање на македонскиот јазик.
  • Силни комуникациски и аналитички вештини.
  • Завршено високо образование (новинарство ќе се смета за предност).
  • Основни компјутерски вештини и ентузијазам за нивно надоградување.
  • Способност и за индивидуална и за тимска работа.
  • Одлично познавање на англиски јазик.

Опис на работното место

Клучни обврски:

  • Генерирање на идеи за едукативни статии, интервјуа, животни стории и вести од забавен и информативен карактер.
  • Комплетна подготовка на содржини за објава на Femina.mk (пишување и уредување на текст, договарање и реализација на интервјуа, проверка на факти, обработка на фотографии).
  • Комуницирање со публиката преку социјалните мрежи.

Нудиме и вработување со полно работно време и можност за хонорарна соработка.

Како да аплицирате?

Доколку сакате да ни се придружите во создавањето на возбудливи содржини, испратете ни актуелно CV и кратко мотивациско писмо на info@femina.mk (назнака: За вработување).

Позитивно ќе биде оценето и ако вашата апликација дополнително вклучува и ваш(и) авторски текст(ови).

Бидејќи не сме во можност да одговориме на сите апликации, ќе бидат контактирани само кандидат(к)ите кои се во потесен избор.

Период за аплицирање: до 15 јуни.

За медиумот

Femina.mk е водечки лајфстајл дигитален медиум во чии рамки функционира и најголемата женска заедница во Македонија – Форум Фемина.

Медиумот е „под капата“ на компанијата Емедиа Гроуп ДОО Битола, во чија сопственост е и најпосетуваниот македонски спортски медиум – Gol.mk.

Забелешка: Со самото аплицирање за работната позиција, вие се согласувате дадените лични податоци да се користат/обработуваат од страна на Емедиа Гроуп ДОО и тоа само за процесот за селекција на кандидатите, а по завршување на истиот, податоците ќе бидат избришани.

Имате право во секое време да ја повлечете апликацијата и/или да побарате стопирање на процесот на обработка на податоците со едноставно поднесување на барање на info@femina.mk.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.