• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Сингл

Одгатнати знаците на неговото тело

12 септември 2009, 18:02
  • cподели

Оваа статија е интересна и важна за сите, кои сакаат да дознаат дали да го подарат срцето на еден маж или да се откажат пред да е премногу касно. Декодирањето на знаците на неговото тело секогаш помага за да утврдите дали тој е заинтересиран за вас. Така, без многу празни зборови ве оставам да ја решите вашата дилема.

Јазикот на неговото тело
Ако еден маж ве гледа со подотворена уста и со директен поглед, тој сигурно ве посакува.
  1. Подотворена уста. Мажите инстинктивно вдишуваат со подотворена уста, кога се во присуство на жената што им се допаѓа.
  2. Раширени ноздри. Ако не успеавте да го видите претходниот знак, овој со сигурност ќе го забележите. Длабокото вдишување и раширените ноздри се знаци дека му се допаѓате.
  3. Крената веѓа. Тоа е сигурен знак дека го привлекувате. Секое подигање на веѓите ги прави очите поголеми, полни со светлина и попривлечни. На тој начин тој инстинктивно се обидува да ви се допадне. Ако се најдете во ситуација да зборувате со маж со „заспан“ поглед – не си го трошете времето. Најдобро е да го оставите, затоа што тој смета дека сте досадни.
  4. Привлекување на внимание. Ако му се допаѓате, тој ќе направи сè за вие да не престанете да се гледате во него. Дали тоа ќе го направи со местење на вратоврската или со разни комични раскази, тоа зависи од неговиот карактер.
  5. „Поправање“ на косата. Секој обид на мажите да си ја наместат фризурата е со цел да бидат попривлечни за вас.
  6. Директен поглед кон вас. Ако постојано ве гледа во очите, со тоа сака да ви покаже дека целото внимание ви го посветува само вас. Ако ве “мери” од глава до петици, тогаш ви испраќа порака дека ве посакува.
  7. Играње со чашата. Кога ја префрлува чашата од едната рака во другата, тој сака да ви покаже дека е сексуално заинтересиран за вас.
  8. Доближување кон вас. Ако седи на работ на столот, тој се доближува сè повеќе до вас затоа што му се допаѓате.
Tags
излегување
сингл
невербална комуникација
јазикот на телото

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.