Од 69 денари за нега до 79 денари за домот: Овие dm производи покажуваат како изгледа паметното пазарување
Паметното пазарување не треба да зависи од тоа дали сте ја „фатиле“ вистинската акција во вистинскиот момент. Токму затоа, во dm важи концептот „Секогаш поволно“, кој овозможува долгорочно поволни цени – од производите на dm марките до производи од други марки достапни во dm продавниците.
Во центарот на овој концепт е едноставната идеја – „Секогаш повеќе за моите пари“. Наместо краткотрајни промотивни акции и ограничени понуди, dm овозможува купување по долгорочно поволни цени, за купувачите да можат да пазаруваат кога и како им одговара, без дополнителен притисок и постојано следење на промоциите.
На тој начин се заштедуваат не само пари, туку и време при планирањето на секојдневните набавки. А дека за секојдневните потреби не е неопходен голем буџет, покажуваат и производите од dm марките, со цени кои остануваат поволни на долг рок.
За секојдневна нега на кожата, Balea Q10 дневната крема за лице со SPF 15, достапна по цена од 159 денари, комбинира нега против брчки, хидратација и заштита. Формулата со коензим Q10, омега комплекс и витамин Е придонесува за регенерација и поцврст изглед на кожата, додека провитаминот B5 обезбедува интензивна хидратација. Кремата има заштитен фактор 15 и UVA-заштита, со што помага во спречување на предвременото стареење на кожата предизвикано од светлина, а може да придонесе и за намалување на длабочината на брчките.
Поволната цена може да биде дел и од изборот на намирници. dmBio напитокот од овес, по цена од 79 денари, е растителен напиток од цело зрно овес со благ вкус и разновидна примена. Овесот потекнува од Германија или Австрија и е од органско производство. Напитокот е вегански и без лактоза, а може да се комбинира со мусли и кафе, да се користи за подготовка на смути, но и при готвење и печење слатки и солени јадења.
За нежно чистење на рацете и пријатно мирисно доживување, Balea кремастиот течен сапун со малина и магнолија е достапен по цена од само 69 денари. Неговата Moisture Care формула помага во зачувување на природната рамнотежа на влажноста на кожата и ја штити од сушење, додека комбинацијата од малина и магнолија остава пријатен овошно-цветен мирис. Сапунот е погоден и за чувствителна кожа и има pH вредност неутрална за кожата.
За домот, пак, Denkmit детергентот за рачно миење садови со лимон, достапен за 79 денари, е создаден за ефикасно отстранување на нечистотиите и маснотиите, вклучително и загорени остатоци од храна. За пет литри вода се потребни само 5 мл од производот, а свежиот мирис на лимон го надополнува чувството на чистота.
Од нега на косата и орална хигиена, преку производи за домаќинството, па сè до храна – концептот „dm секогаш поволно“ опфаќа производи со долгорочно поволни цени. Така, наместо купувањето да се планира според краткотрајни акции, во dm можете да купувате тогаш кога навистина ви е потребно.