Џеси Џеј го објави спотот за песната „Who You Are“. Во емотивниот спот црнокосата пејачка седи на стол и пее, додека во нејзиниот дом буквално започнува бура. Погледнете го тука.
Лејди Гага и оваа година стана дел од Париската модна недела. Таа се здружи со модниот бренд Тиери Муглер за да создаде промотивно видео за новата колекција. Погледнете го тука.
Бен Сизлер, кој донирал спрерма за да може да си го плати школувањето на факултет, открил дека е биолошки татко на 70 деца. Прочитајте повеќе и погледнете го видеото во кое тој ѝ ја соопштува оваа бројка на својата свршеница.
Енрике Иглесијас и Џенифер Лопез направија секси дует – „Mouth2Mouth“. За да биде сликата што поцелосна, заедно со песната беше објавен и омотот на кој двете музички ѕвезди се полуголи и подготвени да си разменат страсни бакнежи. Слушнете го дуетот тука.
Талентираната Адел го објави спотот за хитот „Someone Like You“. Без специјални ефекти, шашави костими или шминка, видеото е едноставно и меланхолично, но и длабоко емотивно, исто како и самата песна. Погледнете го тука.
Џенифер Анистон и нејзиниот сакан Џастин Теру позираа за познатиот фотограф Тери Ричардсон, покажувајќи ја својата љубов со мала доза на хумор. Погледнете ги фотографиите.
Тејлор Свифт влегува во светот на фантазиите во новата реклама за нејзиниот парфем „Wonderstruck“. Во видеото 21-годишната пејачка изгледа како во бајка, облечена во екстравагантна тоалета на Кристијан Сириано.
Забавна, сексапилна и заводлива е новата вечерна колекција на шведскиот бренд H&M. Колекцијата „H&M By Night“ вклучува кратки провокативни фустанчиња и сукњи, блузи и сакоа со длабоко деколте, наменети за вечерно излегување. Погледнете ги фотографиите.
Џенифер Лопез се сели во Хемптонс, Њујорк. 42-годишната актерка и пејачка си купи нов имот за 18 милиони долари и за неколку месеци планира да се всели во него. Погледнете ги фотографиите.
Алиса Милано му го претстави на светот своето прво дете. На фотографијата, 38-годишната мајка исполнета со гордост во очите нежно го држи во рацете малиот Мајло Томас, кој дојде на свет пред еден месец.
Ештон Кучер е обвинет дека ја изневерил својата 48-годишна сопруга Деми Мур за време на викендот кога парот ја прославил шестата годишнина од бракот. Идентитетот на 23-годишната девојка со која Ештон имал жешка средба се чува во тајност. Прочитајте повеќе.