Забарката Ана Маковјак била толку повредена што бившиот ја оставил за друга, што во првата укажана прилика му се одмаздила, и тоа на многу болен и бизарен начин – му ги извадила сите 32 заба. Прочитајте повеќе.
Мараја Кери и Ник Канон ги обновија брачните завети во градот на светлината. Облечени во бела облека со црни детали, Мараја и Ник повторно се заколнаа на вечна љубов на врвот на Ајфеловата кула.
Шпанскиот бренд Blanco ја претстави својата летна колекција – шарени фустанчиња со цветни и „хипнотизирачки“ принтови, модерни бикини, чисто бели комфорни креации и панталони тип „пижама“. Погледнете ги тука.
Бебињата на славните добиваат луксузни забави уште пред да дојдат на свет. Џесика Симпсон сподели со своите обожаватели видео од забавата во чест на нејзината неродена ќерка. На специјалниот настан доминираше розовата боја, а меѓу гостите беа Џесика Алба и Ешли Симпсон. Погледнете го видеото.
Британскиот „Glamour“ ги избра 50-те жени со најдобар стил на облекување за 2012 година. Можеби малку неочекувано, Кристен Стјуарт застана на чело на листата на најдобро облечени холивудски дами. Дознајте кои модерни славни лица се најдоа во првите 25 на листата.
Coldplay објави еден од видеозаписите за музичката соработка со Ријана. Во видеото, кое не е официјален спот за песната „Princess of China“, Ријана позајмува инспирација за својот стил од источните култури. Погледнете го тука.
Времето исто како да застанало за Моника Белучи. Прекрасната италијанска актерка со класична убавина изгледа неверојатно и на 47-годишна возраст, па италијанскиот „Vanity Fair“ ја избра токму Белучи за својата насловна. Погледнете ги фотографиите од фотосесијата.
Адријана Лима заедно со уште неколку славни лица присуствуваше на отворањето на продавница на швајцарскиот бренд IWC во Њујорк. Бремената манекенка го покажа своето стомаче во тесен краток фустан, гордо позирајќи пред фото-репортерите. Погледнете ги фотографиите.
Флоренс Колгејт ја доби титулата „Британка со најубаво лице“. По победата, нејзиниот лик се распространи низ светот и многумина ја нарекоа најубавата девојка на светот. Погледнете ја 18-годишната девојка со природна убавина.
Хајди Клум никогаш не била срамежлива во однос на голотијата. Поранешната манекенка на Victoria’s Secret позираше гола за козметичкиот бренд Astor, а нејзиното вито тело беше прекриено само со апстрактни колоритни форми.
Бијонсе е најубава жена за 2012 година. Списанието People, кое минатата година оваа титула ѝ ја додели на Џенифер Лопез, годинава одлучи со признанието да ја удостои 30-годишната пејачка која неодамна стана мајка.