Шакира го објави својот нов спот за песната „Rabiosa“. Во видеото, 34-годишната колумбиска пејачка изгледа многу слатко како бринета со боб фризура, а во одредени кадри се појавува како секси русокоса која танцува во црна долна облека на стриптиз шипка. Погледнете го спотот тука.
Лејди Гага, којашто поседува стил на облекување кој или го сакате или го мразите, беше прогласена за Модна икона за 2011 година. На забавата веднаш по прогласувањето таа се појави речиси гола. Погледнете фотографии.
Ново истражување покажало дека мажите сами си имаат купено само 30% од облеката којашто ја поседуваат. Нивните девојки/сопруги им ја имаат купено повеќе од половината нивна облека, а преостанатиот дел доаѓа од подароци од пријатели или роднини.
Првиот трејлер за новото продолжение на сагата Twilight стигна до многубројните обожаватели низ целиот свет. Трејлерот им дава можност на милионите фанови да ја ѕирнат свадбата на Едвард и Бела, нивниот меден месец и моментите кога тие дознаваат дека ќе имаат дете. Погледнете го тука.
Младите холивудски ѕвезди го окупираа црвениот тепих на доделувањето на филмските награди на MTV, а мини здолништата како да беа must-have за свечениот настан. Погледнете што избраа да носат ѕвездите за нивното појавување на црвениот тепих.
Синоќа се одржа 20-тото по ред доделување на филмските награди на MTV. „Вампирите“ од филмот „Twilight Saga: Eclipse“ повторно доминираа на листата на победниците и освоија вкупно 5 награди. Погледнете ја целосната листа на победници.
Џастин Тимберлејк и Мила Кунис ја вчудоневидија публиката додека ја презентираа наградата за Најдобра машка изведба на MTV Movie Awards. Откако ги негираа гласините дека се во врска, Џастин ги зграпчи градите на убавата Кунис, а таа за возврат посегна меѓу неговите нозе.
Ново истражување покажа дека најдобрите мали задоволства во животот се всушност оние кои се наједноставни, бесплатни и достапни за секого: смеењето, споделувањето добра храна со добри пријатели, добивањето прегратка... Прочитајте повеќе.
Според Форбс, долгоногата манекенка Жизел Бундхен е на добар пат да стане првиот супермодел кој заработил милијарда долари, а воедно и првата милијардерка во Бразил којашто сама си го заработила своето богатство.
Англиската пејачка Пикси Лот е ѕвездата во најновата кампања на брендот Lipsy. 20-годишната артистка, која е позната по својот уникатен ретро стил, соработуваше со Lipsy за создавањето на женствена и романтична колекција. Погледнете ги фотографиите.